Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ бара проверка на наводите за неправилности на изборите во Грузија

0
By Marija Todorovska on October 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 28, 2024 10:21

Европската Унија ја повикува Централната изборна комисија на Грузија и другите релевантни органи да ја исполнат својата должност за брзо, транспарентно и независно испитување на наводите за изборни нерегуларности, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во врска со парламентарните избори во земјата одржани во саботата.

– Тие неправилности мора да се разјаснат и решат. Тоа е неопходен чекор за повторно градење на довербата во изборниот процес, наведува Борел во изјавата упатена во името на ЕУ.

Според Борел, ЕУ до внимание ги следи случувањата кои доведоа до парламентарните избори во Грузија и приврзаноста на грузискиот народ кон демократските вредности и европскиот пат на нивната земја покажани во текот на изминатите месеци.

– Конструктивниот и инклузивен дијалог низ политичкиот спектар сега е најважен. Во согласност со заклучоците на Европскиот совет од 17 октомври, ЕУ ја повикува Грузија да усвои демократски, сеопфатни и одржливи реформи, во согласност со основните принципи на европската интеграција, додава Борел.

Тој посочува дека според прелиминарните наоди и заклучоци на Меѓународната мисија за набљудување на изборите, предводена од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), денот на изборите генерално бил процедурално добро организиран и администриран на уреден начин, но обележан со „тензична атмосфера, чести компромиси во тајноста на гласањето и неколку процедурални недоследности“, како и со извештаи за заплашување и притисок врз гласачите што негативно влијаеле на довербата на јавноста во процесот.

– Извештаите за притисок врз гласачите, особено врз вработените во јавниот сектор, останаа широко распространети во кампањата. Ова, заедно со широко распространетото следење на гласачите на денот на изборите, предизвика загриженост за можноста на некои гласачи да го дадат својот глас без страв од одмазда, наведува високиот претставник на ЕУ, пренесувајќи делови од оценката на ОДИХР.

Според него, набљудувачите на изборите известуваат и за нерамноправни услови за игра, кампања на поделби во услови на во поларизирана атмосфера и за значителна загриженост во врска со влијанието на неодамнешните законски измени врз изборниот процес.

– ЕУ со нетрпение го очекува конечниот извештај и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои треба да се спроведат што е можно поскоро, додава Борел во изјавата.

Борел Грузија ЕУ избори неправилности ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.