НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помогнете му на Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил скопскиот аеродром: 3 – 3 = 0

0
By Marija Todorovska on October 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

3 – 3 = 0 нови авио линии на Визер од Скопје.

Соодносот помеѓу авио линиите кои ги опслужува унгарската нискобуџетна авио компанија Визер од аеродромите во Тирана и Скопје е 58: 34

Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк

По помпезните најави на министерот за транспорт, Александар Николоски дека со распишаниот повик ќе се зголеми понудата на скопската филијала на ТАВ аеродромите, што ќе резултира со сголемен број странски гости ви земјава, а со самото тоа ќе се зголеми и девизниотприлив, деновиве тој го обелодени грандиозното достигнување на новата влада, и тоа по првите 100 и кусур дена од доаѓањето на власт. Од идната година од аеродромите во Скопје и во Охрид ќе се лета до дури шест нови дестинации: четири од скопскиот аеродром, од кои 3 на нискобуџетната Визер (Барселона, Лион и Штутгарт), а четвртата е на „Флај Дубаи“ на релација Скопје-Дубаи-Скопје. Од охридскиот аеродром, Николовски ги најави линиите до Базел со Визер и до Истанбул на Туркиш ерлајнс.

Но, по само неколку дена од историскиот успех на министерот Николовски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека се прославуваше и коваа планови за уште поголем успех на вториот повик планиран за крајот на ноември , студен туш пред почетокот на зимскиот ред на летање.Унгарската нискобуџетна авио- компанијата Визер, објави дека укинува три авиолинии од Скопскиот аеродро: за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Каков дебакл. Николовски само што најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата Визерод нареднава пролет, а унгарската нискобуџетна авио-компанија веќе со стапување на сила на зимскиот распоред укинува три авиолинии.

Или, математички прецизно, како што милуваше да мудрува премиерот и шеф на Николовски:

3 – 3 = 0 нови авио линии на Визер од Скопје.

Да не бидеме малициозни, но ако сакаме да бидеме уште по прецизни, од укинувањето на летовите на Визер во зимскиот период, до почеток на летовите на новите линии на истата авиокомпанија, таму некаде од крајот на јуни, во период од 8 месеци, достигнувањето на Николовски во збогатувањето на редот на летање на скопскиот аеродро, барем што се однесува на нискобуџетниот Визер, преоѓа во негатива, и изнесува -3 ( и со зборови: минус три).

И уште малку математика: Соодносот помеѓу авио линиите кои ги опслужува унгарската нискобуџетна авио компанија Визер од аеродромите во Тирана и Скопје е 58: 34. Дополнително, тиранскиот аеродром во редот на летање го има и нискобуџетниот Рајанер.

Како илустрација на новонастанатата состојба во македонскиот авио сообраќај ќе парафразирам еден поранешен екскомунициран сопартиец на Николовски: Каменот од Будимпешта доаѓа.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

авиолинии аеродром Визер математика Николовски Скопје Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.