НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ избра три градови – носители на титулата Европска престолнина на културата за 2025 година

0
By Marija Todorovska on November 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја година Европската Унија избира градови кои ќе ја носат престижната титула Европска престолнина на културата. Овој статус им овозможува да го покажат своето културно наследство и богатство на светската сцена.

За 2025 година, наградата беше доделена на помалку познати, но исклучително интересни дестинации, и тоа Кемниц, Германија, како и Нова Горица во Словенија и Гориција во Италија, чии културни иницијативи ќе ја одразуваат заедничката историја, но и силата на европската интеграција.Сместен во германската сојузна покраина Саксонија, градот Кемниц е познат по својата богата индустриска историја и важната улога за време на Индустриската револуција. Поради ова, често го нарекуваат и „Манчестер од Саксонија“, но минатото на овој град не било воопшто едноставно… Денес, покрај историските споменици како градби во „арт нуво стил“, во градот може да се видат и монументални социјалистички споменици, меѓу коишто се издвојува оној посветен на Карл Маркс.

За разлика од Кемниц, којшто носи тешко индустриско и политичко наследство, Нова Горица и Гориција претставуваат единствен културен мост меѓу две различни традиции и јазици. Сместени на границата на Словенија и Италија, овие два града споделуваат многу повеќе од заедничката географска положба.

За време на Студената војна, границата меѓу нив била и „железна“ во одредени мигови, а денес, тоа се градови кои ја симболизираат силата на европската интеграција и соработка.

Европските престолнини на културата во 2025 година совршено ја претставуваат различноста на европската културна сцена. Секој од нив носи специфични предизвици и богати традиции, а преку оваа престижна титула, градовите имаат можност да го претстават не само своето минато, туку и својата иднина.

Германија Гориција Европска престолнина на културата Италија Кемниц Нова Горица Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.