Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пркосна и провокативна изјавата на Мицкоски, сметаат грчките медиуми, Мицкотакис потсетува на обврската да се користи името Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on December 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 20, 2024 10:38

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, изјави по завршувањето на Самитот на ЕПП во Брисел дека „верното спроведување на Договорот од Преспа е единствениот начин да се отвори европскиот пат на соседната земја“, нагласувајќи дека Северна Македонија има обврска да го користи името „Северна Македонија“ како што е предвидено во договорот.

Во исто време, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, пред почетокот на Самитот ЕУ-Балкан, ја објави изјавата: „Денеска сме во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија… ние споделуваме исти вредности и веруваме во тие вредности“.

Оваа изјава предизвика реакции во Грција поради непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи се користени термини како „македонски граѓани“ и „Македонија“, што е во спротивност со обврските на Северна Македонија.

Грчките медиуми, како „Прототема“, го критикуваа Мицкоски за продолжување со „систематско кршење“ на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека Грција постојано предупредувала дека непочитувањето на договорот ќе има последици за билатералните односи и европскиот пат на Северна Македонија. Истовремено, Мицотакис на Самитот ја изрази поддршката за европската перспектива на Србија и Албанија, но не ја спомена Северна Македонија.

Советот на ЕУ, пак, во заклучоците од средата потсети дека е важно да се имплементираат билатералните договори со добра волја, вклучително и Договорот од Преспа, како и договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Бугарија, исто така, постави услов за Северна Македонија да ги измени својот Устав за да ги вклучи Бугарите во него, пред да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори.

Договор од Преспа ЕУ Мицотакис Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.