Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионални медиуми за студентските протести во Белград: Народот се крена, прашање е само дали Вучиќ ќе заврши како Башар ал Асад

0
By Marija Todorovska on December 23, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2024 15:22

И македонските медиуми пренесуваат за масовниот протест во Белград. Најсподелуван наслов на македонските медиуми „(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе;

Драган Мишев

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење беше оспорено со неколкунеделните протести предводени од студентите, пишува Јутарњи лист.

Собирот во Белград, кој го организираа студентите, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.

Демонстрантите го окупираа плоштадот Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад по несреќата, како и кривично гонење на одговорните.

Студентите бараат и лицата кои ги нападнаа на претходните протести да се гонат кривично и да се повлечат обвиненијата против нивните колеги кои учествуваа на митинзите.ž

„Јутарњи лист“, како што пренесува Данас, посочува на податоци од Архивот на јавните собири, кој врз основа на достапните снимки и фотографии утврди дека на протестот се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.

Од друга страна, посочуваат, неверојатна е оценката на МВР на Вучиќ, кое претходно соопшти дека на средбата во Белград присуствувале од 28.000 до 29.000 граѓани.

Слободна Босна протестите во Белград ги оценува како импресивни. Во текстот со наслов „НАРОДОТ СЕ КРЕНА ПРОТИВ ВУЧИЌ: Славија е преполна, импресивна сцена од протестот“ оценуваат дека се наликува на „Евромајдан во Кијив 2014. Прашање е само дали Вучиќ ќе заврши како Башар Ал Асад во Сирија “.

Реката од народ од сите страни течеше кон Славија, па беше преполна во моментот кога требаше да започне протестот. Импресивно, пишува сараевскиот портал.

Црногорски Вијести пишува дека толпата претходно извикувала: „Рацете ти се крвави“, „Вучиќ, оди си“, а по 15-минутниот молк настанала врева, односно настап со кој демонстрантите го изразиле своето незадоволство.

Учениците кои се движеа кон плоштадот развиориле транспарент: „Државата е сопственост на децата“, забележува црногорскиот портал, потсетувајќи дека пред неколку дена висок функционер на СНС, Владимир Ѓукановиќ, изјавил дека децата до полнолетството се сопственост на државата, што предизвика бурни реакции во јавноста.

И македонските медиуми пренесуваат за масовниот протест во Белград. Најсподелуван наслов на македонските медиуми „(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе“ е преземен од агенцијата Макфакс, и во текстот се наведуваат податоците за посетеноста на протестот според информациите од српското МВР и Архивата на јавните собири.

Медиумот на албански јазик Бота Сот на своите страници пренесува за масовниот протест против Вучиќ и неговата влада во Белград организиран од студентите и синдикатите на земјоделците, кој дел од поширокото движење кое бара одговорност за уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 15 лица на 1 ноември, за што многумина во Србија за катастрофата ја обвинуваат распространетата корупција и лошата изработка на зградата на железничката станица, која беше реновирана двапати во последниве години како дел од сомнителните проекти во кои се вклучени кинески државни компании, информира порталот.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Белград медиуми протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.