НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот филм „Стела“ станува дел од образовните програми во Шведска за учење на македонскиот јазик и култура

0
By Marija Todorovska on December 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот долгометражен филм „Стела“ ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Ова признание е од исклучителна важност за македонската кинематографија бидејќи филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија.

„Стела“ е првата македонска зелена продукција, создадена во копродукција меѓу „Дрим фактори“ (Македонија), „Акција Продукција“ (Србија) и „Моуна“ (Германија), со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд на Баден Вуртемберг во Германија. Режисер на филмот е Стојан Вујичиќ, а продуцент е Огнен Антов.

Како што информира продуцентската куќа „Дрим фактори“ (Dream Factory), филмот ја раскажува емотивната приказна за Никола, младо момче кое заедно со својот дедо и шарпланинката Стела се соочува со предизвици како булингот и семејните потешкотии.

– „Стела“ е повеќе од филм – тоа е универзален симбол на љубов, храброст и заемна поддршка, кој ги поврзува генерациите преку својата топлина и автентичност. Филмот „Стела“ е избран како едукативна алатка во шведските образовни центри заради неговиот визуелен и емоционален карактер, кој го прави наставниот процес побогат и повпечатлив, се вели во соопштението.

Иницијатори на проектот се професорките по македонски јазик Павлина Велјаноска и Тереза Шалевска-Мирчева. Професорката Павлина Велјаноска, го изрази своето мислење за значењето на филмот во едукативен контекст:
„Филмот како медиум, претставува моќна алатка која преку својот визуелен и емотивен карактер го прави наставниот процес поинтересен, инспирира креативно пишување и развива критичко размислување. Нашата цел е филмот „Стела“ да ја поттикне свеста кај учениците за темата врсничко насилство, да поттикне емпатија кај нив и да им овозможи да истражуваат културни и општествени аспекти на мајчиниот јазик, збогатување на лексиката и секако запознавање со убавините на Македонија“.

– Филмот „Стела“ е мост помеѓу Македонија и светот, нудејќи можност за истражување на јазикот, културата и вредностите што нашата земја ги нуди. По премиерата, „Стела“ освои награди и признанија на фестивали низ Европа, а со оваа нова соработка со шведските образовни институции продолжува да инспирира и да ги поврзува младите генерации со македонската култура, стои во соопштението.

македонски јазик образование Стела филм Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.