НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддржувач и прокси играч на Путин со скрстени нозе среде Скопје!

0
By Marija Todorovska on January 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Скрстени нозе среде официјално Скопје, со знамето на Република Српска, човекот на американската и британската црна листа, поддржувач и прокси играч на Путин“.

Дестан Јонузи

Владата на Северна Македонија постојано зборува за политичари на црната листа, а во исто време му приредува протоколарен прием со знамето на Република Српска на Милорад Додик, политичар санкциониран од американскиот Стејт департмент и Велика Британија.

На сите им е позната политичката активност на господинот Додик, политичар кој е на американската и британската црна листа. Владата на Северна Македонија, која постојано зборува за политичари на црната листа, приредува протоколарен прием со знамето на Република Српска, голем дочек, на политичар кој Министерството за финансии на САД, исто така, зa него и за уште пет лица и една компанија воведе санкции за помош во збогатувањето на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и неговото семејство, изјави за „Фронтлајн“ политичкиот аналитичар Урим Салиу.

Таквите луѓе, вели тој, се меѓународно изолирани и не смее да им се оддаде почит, бидејќи, како што нагласи, Додик не ги застапува проевропските вредности, го негирал масакрот во Сребреница, а неговото присуство во Скопје е фатална грешка.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во ESPRESSO со наслов „Политичка временска машина: Режимот на Вучиќ се брани во СкопЉе“, со остар коментар за укажаното гостопримството на Додик

„Режимот со седиште во Белград се брани, каде ако не – во СкопЉе! На сцената неизбежно беше да се појави и ѕвездата на радикалниот српски национализам, шефот на Република Српска, матрјошката Додик. Се подразбира, ваква журка не можеше да помине (и не помина) без амбасадорот на државата терорист во чиј скут седат балканските силеџии. За да биде славјето сенародно, не изостана ниту социјалдемократскиот шмек изразен со учество на највисоките претставници на партијата што до вчера беше на чело на прозападна влада, напиша покрај другото Дерала.

Ивон Величковски во текстот со наслов „Скопске подружнице СПЦ, СНС-а и СПС-а у Позоришту „Краља Петра“ у Скопљу“ вели – Очекувано беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното одбележување на Св.Сава во Скопје да биде де факто домаќин на Вучиќевиот „српскиот свет“.

„Останувањето во салата на политичарите – Македонци при пораките на Порфириј за единство меѓу македонскиот и српскиот народ и говорот на Додик со кој де факто се негира геноцидот во Сребреница, за жал, зборува за длабока зависност на политичко Скопје од Белград“, пишува покрај другото Величковски.

И политичкиот аналитичар Сефер Селими реагираше на приемот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Селими вели дека Додик бил примен со сите официјални протоколи иако е на црната листа и поддржувач на Путин.

„Скрстени нозе среде официјално Скопје, со знамето на Република Српска, човекот на американската и британската црна листа, поддржувач и прокси играч на Путин“.

На посетата на Додик на Северна Македонија реагираа и партиите СДА Македонија, Демократската унија за интеграција и Бошњачкиот демократски сојуз.

Партијата СДА Македонија изразува жалење што „Владата станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика“.

„Иразуваме револт што наместо достоинствена прослава на празникот, организаторите се одлучија за провокации преку пораки со кои се негира геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и со дипломатски скандали со кои се нарушуваат односите помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Жалиме што Владата на Р.Северна Македонија, откако го стопираше патот кон ЕУ, станува покровител на настани за промоција на големосрпската политика, со кои Северна Македонија забрзано влегува како чинител во “српскиот свет“, на што вчера аплаудираше и рускиот амбасадор во државата. Молкот на политичките партии од власта на овие провокации и дипломтаски скандали го сметаме како одобрување за Владата да продолжи со покровителство на настани со кои Северна Македонија станува дел од “српскиот свет“ и инструмент на големосрпската политика“, се нагласува во соопштението од СДА Македонија.

Од ДУИ истакнуваат: „Како е можно човек изолиран од демократскиот свет, кој шири поделби и омраза, да биде официјално пречекан од влада која тврди дека ги претставува евроатлантските вредности и меѓуетничкиот мир? Каква порака испраќа оваа влада до албанските граѓани, до семејствата на жртвите од геноцидите, до оние кои сè уште веруваат во правда и достоинство? Овој чин е тежок удар за Охридскиот договор и за соживотот. Присуството на Додик таму е шлаканица за жртвите на Сребреница, за Албанците и за секој граѓанин кој верува во слобода и еднаквост“.

Тоа, како што велат, е порака која покажува дека оваа влада покрај легитимитетот, изгубила секоја чувствителност за историјата и за човечкото достоинство.

Од Бошњачкиот демократски сојуз потенцират дека Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.

– Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција. Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додиќ направи и се уште ја одржува својата политичка кариера! Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи, реагират од партијата на Бошњаците во Северна Македонија.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Детсан Јонузи Додик Путин Русија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.