Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санторини го напуштиле над 5.000 лица, грчкиот остров продолжува да се тресе

0
By Marija Todorovska on February 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2025 09:35

Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица.

Од полноќ до рано утрово беа регистрирани шест земјотреси меѓу 4 и 4,8 степен, а слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според директорот на Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина Василис Карастатис значи дека „сеизмичката активност не деескалира, туку напротив се интензивира“.

За грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ Карастатис објасни дека од 1 февруари заклучно со синоќа имало над 240 земјотреси со јачина поголема од три степени, а во истиот период биле регистрирани 39 земјотреси од над четири степени.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ објасни дека не е активиран раседот од 1956 година што тогаш предизвика земјотрес од 7,7 степени, по што следеше и цунами.

Овој расед не може да предизвика голем земјотрес, бидејќи во 1956 година ослободи голема енергија. Ќе бидат потребни илјадници години за повторно да се наполни со енергија. Значи, имаме активирање на помали раседи северозападно од раседот кај Аморгос. Активноста е ограничена во близина на Аморгос, посочи Лекас, објаснувајќи дека ова е позитивен елемент, бидејќи конкретниот остров има карпести формации, нема многу објекти, нема голема површина за разлика од Санторини што има сосема спротивни карактеристики.

Поради серијата земјотреси во текот на изминатите најмалку три дена, голем број жители, работници, но и туристи со траекти и авиони го напуштаат Санторини, а двете грчки авиокомпании „Ејџијан“ и „Скај експрес“ воведоа и вонредни летови од и кон островот.

Утрово од „Ејџијан“ соопштија дека вчера имало вкупно девет летови од Санторини до Атина, од кои пет биле вонредни, при што од островот до грчката метропола биле пренесени вкупно 1.294 патници, додека пак за денеска планирани се осум летови, со вкупен капацитет од над 1.400 седишта.

Вкупно, во првите два дена, понеделник и вторник, со нашите летови ќе бидат пренесени околу 2.500-2.700 патници од Санторини до Атина, информираа од грчката авиокомпанија и додадоа дека доколку има потреба и утре ќе воведат вонредни летови.

Освен авионски, луѓето заминуваат од Санторини и со траекти, а исто како и авиокомпаниите, вонредни линии воведоа и дел од бродските компании.

Процените во Грција се дека досега, најмалку 5.000 лица го напуштија островот.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за утрово закажа министерски состанок за активностите на државниот механизам, додека пак вчера, членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности, по одржаниот состанок предложија и препорачаа продолжување на превентивните мерки.

Грција земјотреси Санторини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.