НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлогот на Трамп за Газа е поттикнување на принудно раселување, што е меѓународно злосторство

0
By Marija Todorovska on February 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за окупација на Појасот Газа и раселување на неговото население е „незаконски и целосно апсурден“, изјави денеска специјалната известителката на ОН за палестинските територии Франческа Албанезе.

Тоа што тој (Трамп) го предлага е целосно апсурдно, рече известителката  за време на посетата на Копенхаген.

Трамп вчера рече дека сака да ја преземе контролата врз разурнатиот од војна Појас Газа и повтори дека неговите жители можат да одат да живеат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји и самите Палестинци.

Тоа е незаконско, неморално и неодговорно. Целосно е неодговорно бидејќи ќе ја влоши регионалната криза, рече Албанезе, која ги повтори обвинувањата за израелски геноцид во Газа.

„Предлогот на Трамп е поттикнување на принудно раселување, што е меѓународно злосторство“, рече таа.

Во контекст на геноцид, тоа ќе го зголеми соучесништвото во злосторствата извршени од Израел во последните 15 месеци и претходно, рече известителката на ОН за палестинските територии.

Според неа, предлогот на Трамп може да предизвика „паника низ светот, бидејќи последиците се огромни“.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, денеска во Женева изјави дека какво било присилно префрлање или протерување на населението од окупираната територија е строго забрането.

Секое присилно преместување или протерување на лица од окупираната територија е строго забрането, рече Турк и потсети дека „правото на самоопределување е основен принцип на меѓународното право и тоа право мора да биде заштитено од сите држави“.

газа ОН Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.