Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформите во правосудството во Албанија на крстопат, принципите на одговорност под сериозен пад

0
By Marija Todorovska on February 14, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2025 11:19

Случајот на Велиај исфрли на виделина уште еден предизвик – селективната правда. Неговите адвокати постојано тврдеа дека обвиненијата против него немаат силна доказна основа и дека случајот се води со невообичаена брзина и агресивност. Во меѓувреме, многу посериозни случаи остануваат заглавени или собираат прашина во канцелариите на СПАК, алармираат од Албаниан тајмс.

Albanian Times

Мисијата на СПАК (Специјално обвинителство за справување со корупција и организиран криминал) за борба против корупцијата и неказнивоста во Албанија, ужива широка јавна поддршка. Албанците долго време копнееја за правда, а кога личности од висок профил, кои долго време се сметаа за недопирливи, почнаа да се соочуваат со истраги, се појави чувство на одамна задоцнета одговорност.

Меѓутоа, со текот на времето, заедно со добрите вести, почна да се појавува шема на вознемирувачки наводи – приказни за произволни конфискации на телефони, агресивни, навистина принудни, тактики за испрашување и поширока атмосфера на страв што носеше непријатни ехо на мрачните времиња што Албанците почнаа да ги забораваат.

Многу институции посочуваат дека се соочуваат со значителни предизвици при јавните набавки и тендери, бидејќи вработените се чувствуваат заплашени и се плашат од донесување одлуки, се наведува во статија на Албаниан Тајмс, во која се полемизира улогата на Специјалното обвинителство за справување со корупција (СПАК) и методите на оперативно дејствување, особено кога се работи за политички функционери. Се поставува прашањето за реформите во албанското правосудство, кои се од примарна важност за функционирањето на државата внатре и на патот кон ЕУ.

Често се вели – пола со шега, половина вистина – дека кога шефот на СПАК ќе влезе во просторија на јавни функционери, „се гледа белката од нивните очи“. Забелешката совршено ја доловува растечката перцепција: дека се стравува од обвинители и дека стравот почна да го заменува почитувањето на правниот процес.

Статијата на Албаниан тајмс излегува по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е приведен под сомнеж за злоупотреба на службената положба и перење пари, и е ставен во притвор.

Албанскиот премиер Еди Рама, во неколку наврати јавно се изрази против оваа акција, односно, против обвинувањата на СПАК кон Велиај, но и за начинот на работата на Специјалното обвинителство.

Во статијата се наведени неколку примери на неетичко дејствување на СПАК, меѓу кои и случајот со поранешниот претседател Илир Мета, кој беше приведен на многу драматичен начин, која наликувала на сцена од серијата „Наркос“.

Поранешниот претседател беше запрен на влезот во Тирана, насилно извлечен од неговиот автомобил, управуван од маскирани лица во цивилна облека, опкружен со возила без ознака и влечен оттаму,  што изгледаше повеќе како заседа за киднапирање, отколку како операција на органите на редот. Дури и оние кои силно веруваа дека Мета треба да се соочи со правдата, беа вознемирени од начинот на кој таа беше спроведена.

Случајот на Велиај исфрли на виделина уште еден предизвик – селективната правда. Неговите адвокати постојано тврдеа дека обвиненијата против него немаат силна доказна основа и дека случајот се води со невообичаена брзина и агресивност.

Во меѓувреме, многу посериозни случаи остануваат заглавени или собираат прашина во канцелариите на СПАК, алармираат од Албаниан тајмс.

Еден силен пример е и истрагата за 21 убиство, кога четворица невооружени демонстранти беа застрелани од безбедносните сили во 2011 година. И покрај неговото значење, случајот останува заглавен во судската неизвесност. СПАК не сакаше ниту да го истражи случајот додека не беше принуден да го стори тоа со пресуда на ЕСЧП, а потоа и одлука на албанскиот Уставен суд, се наведува во статијата.

Но, вака не треба да функционира модерен европски правосуден систем, се посочува во статијата. Многу Албанци се сеќаваат на авторитарните години од раните 1990-ти, кога луѓето се плашеа од надзор, репресија и произволни притвори. Некои повозрасни  Албанци дури се сеќаваат на паранојата од комунистичката ера, кога луѓето внимаваа што зборуваат на телефон и инстинктивно го спуштаа гласот дома, плашејќи се дека нивните зборови може да се слушнат и искористат против нив.

И покрај тоа што СПАК ужива огромна поддршка, постои сè поголемо чувство дека сегашниот пристап е помалку за правилен процес, а повеќе за поставување јавни примери и спектакли. Неколку правни експерти постојано сугерираа дека истрагите се брзаат за апсење, а судовите се под притисок да донесат пресуди за да се одржи моментумот на СПАК.

Но, албанскиот правосуден систем не може да се гради на принципот дека некој мора да биде казнет, ​​дури и ако случајот против него е слаб, само за да се испрати порака. Ако СПАК не направи разлика помеѓу вистинска корупција и политички погодно гонење, веќе е во загуба, се посочува во статијата.

Реформата во правосудството беше изградена со огромна политичка поддршка од албанскиот народ, албанската влада и меѓународните партнери. Но, за да се обезбеди силата на СПАК, се чини дека премалку се размислувало за надзор и одговорност.

Се чини дека оваа мудрост беше занемарена кога беше основан СПАК. Се чини дека постоеше чудна, неоснована претпоставка дека нејзините обвинители и истражители ќе бидат имуни на истите притисоци, предрасуди и слабости што ги погодија секоја друга институција во Албанија. Неуспехот да се спроведат соодветни проверки и рамнотежи на моќта на СПАК сега доаѓа до израз.

Опстанокот на реформите во правосудството во Албанија не зависи од тоа кој ќе биде под истрага, туку од тоа како ќе се задоволува правдата.

СПАК никогаш немал поддршка од опозицијата. Во моментов, поддршката од нејзиниот најважен меѓународен поддржувач се чини неизвесна. Ова е несигурен момент и за СПАК и за Албанија во целина. Ако СПАК го изгуби кредибилитетот, тоа нема да биде само уште еден институционален неуспех – тоа ќе го означи колапсот на реформата што требаше да ја преобликува иднината на Албанија.

Подготви: Диана Тахири / ЦивилМедиа 

Ерион Велиај СПАК Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.