НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

0
By Marija Todorovska on February 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, според мене, е подготвена да ги прифати бугарските барања за вклучување на Бугарите во уставот, но сака тоа барање да биде последното од страна на Софија. Не знам дали Бугарите ќе се согласат на тоа, потенцираше Сервер.Секој договор за Украина што би го компромитирал суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев ќе охрабри сецесионистички и иредентистички сили на Балканот, Босна и Херцеговина и Косово ќе се најдат под ризик, а Северна Македонија нема да биде подготвена да ги прифати бугарските барања без гаранции, изјави за МИА експертот за Балканот Даниел Сервер.

Сервер, поранешен американски претставник за Босна и Херцеговина во улога на медијатор меѓу Хрватите и Бошњаците за Дејтонскиот мировен договор, изјави дека позицијата на Русите во актуелните  преговори за Украина „е поволна и тие нема да го повторат сценариото со неуспехот на Минск-2“ во 2015 година.

Русија сигурно би можела да се обиде да ги искористи разговорите за одложување (на договор за прекин на огнот), но во овој случај се сомневам во тоа. Американците нудат договор кој би овозможил Русија да остане барем во деловите од Украина што ги има окупирано. За Москва, атрактивна опција е да може да склучи  таков договор и да добие време за повторно вооружување и регрупирање на армијата, изјави Сервер, кој ја предводи програмата за менаџирање конфликти на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.

Смета дека интеграцијата на Македонија во ЕУ би се откочила само ако се оствари гаранцијата побарана од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дека бугарските барања за промена на Уставот ќе бидат последното барање од Софија.

Македонија, според мене, е подготвена да ги прифати бугарските барања за вклучување на Бугарите во уставот, но сака тоа барање да биде последното од страна на Софија. Не знам дали Бугарите ќе се согласат на тоа, потенцираше Сервер.

Во врска со неучеството на ЕУ во првичните преговори меѓу Вашингтон и Москва за крај на војната во Украина кои се одржаа во Ријад, и плановите на Макрон и Шолц за развој на интегрирани европски воени сили независни од НАТО, Сервер укажа дека на Европа ѝ се потребни политичари кои можат да му парираат на американскиот претседател Доналд Трамп.

На Европа ѝ требаат политичари кои се подготвени да му се спротивстават на Вашингтон, повеќе од тоа дали може или не да создаде интегрирани воени сили независни од НАТО. Политичари кои ќе бидат способни  да го бранат украинскиот суверенитет и територијален интегритет.

Тој смета дека САД нема да го променат ставот и да испратат свои сили во Украина. И дека најверјатно Европа ќе биде таа која прва треба да  распореди свои мировни сили, зависно од договорот.

Поддржувам да се испратат трупи во Украина, но само ако тој договор го штити украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Во спротивно, тие ќе бидат под  ризик да се најдат на погрешно место во погрешно време кога Москва ќе реши да ја обнови војната.

Текстот е сопственост на МИА

балкан Бугарија ЕУ НАТО Сервер Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.