Блокирани главните патишта во Нови САД. Студентите заедно со земјоделците ќе ги блокираат главните приоди кон градот цели 10 часа. Започнаа утрово во 7, а ќе завршат во 17 часот.
„Со блокирање на критичните точки на рутите за транспорт на нафта и гас, вршиме притисок врз економијата и сакаме нашиот глас да се слушне уште повеќе. „Ги повикуваме граѓаните на Нови Сад, но и оние од околината, да се приклучат на блокадата на главните и транспортните патишта, за да ги здружиме силите во борбата за правда“, порачаа студентите.
Traktori se raspoređuju. Blokiran je kružni tok na Rumenačkom putu. #NoviSad pic.twitter.com/0ZEGjkyyUR
— Radio 021 (@Radio021) February 24, 2025
Во меѓувреме, пешки од Чачак кон Ниш одат студентите за да се соберат на заеднички простест кој ќе се одржи на 1 март. А од Нови Сад студентите тргнаа во велосипеди.
А, утре група професори од Нови Сад започнуваат со штафетен маратон до Белград, штафетата ќе служи како декларација дека ќе стојат до студентите додека не се исполнат нивните барања.