Средношколците од Белград повикаа на генерален штрајк. Утре во 15.30 часот ќе се соберат кај Славија, а потоа ќе направат протестна прошетка.
„Повикуваме на генерален штрајк, не само поради вртоглавото покачување на цените во Србија, туку и поради состојбата во земјата, како и поради неодговорноста на сите надлежни институции кон нашите барања.
„Граѓаните можат да учествуваат во генералниот штрајк со тоа што ќе дојдат на нашата прошетка или, ако тоа не им одговара, одлуката да не одат во продавници, кафулиња, каде и да се трошат пари е повеќе од доволна“, изјави средношколка за Н1.
Планот е средношколците да застанат, како што рече, на „сите институции“ за време на протестната прошетка.
Претходно на генерален штрајк средношколците повикаа на 24 јануари наречен „час во природа“ на окј им се придружија голем број на граѓани и училишта.