Разговорите се одвиваат во ред, допрени се голем број прашања, цитираше АФП изјавата на висок украински функционер, кој побара анонимност.
Информациите од Џеда моментално стигнуваат, украинската и американската делегација се уште се на маса, а Би-Би-Си пишува за „криптичната“ порака на Андриј Јермак, емотикон за ракување, што може да сугерира дека има напредок.
Американската и украинската делегација разговараат за договорот за експлоатација на украинските минерални суровини од САД, кој е најавен како првиот чекор кон ставањето крај на војната во Украина.
Договорот требаше да биде потпишан на 28 февруари во Вашингтон, но украинскиот претседател Володимир Зеленски влезе во јавна расправија со американскиот колега Доналд Трамп, по што беше замолен да ја напушти Белата куќа