НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни се погодило – имаме премиер кој е all-in-one

0
By Marija Todorovska on March 21, 2025 ИЗБОР
Фото: Фејсбук профил Sefer Selimi Jr.
Фото: Фејсбук профил Sefer Selimi Jr.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни се погодило – имаме премиер кој е all-in-one: Премиер, партиски лидер, претседател на младински и женски форуми, портпарол, обвинител, судија, истражител, експерт по судска медицина, па дури и мастер-уредник за медиумско известување.

Сефер Селими

  1. Седум полициски службеници под раководство на министерот Тошковски, со свои постапки или непостапување, овозможиле дискотеката да работи најмалку една година незаконски. – Министерот е на слобода, ја води истрагата и ни кажува кој е, а кој не е виновен. (Претходниот министер, патем, никој ни не го споменува.)
  2. Цела година, дискотеката работела со фалсификувана лиценца, од кои 9 месеци под водство на новата “робусна” влада. Во затвор се екс-министерот Бектеши и екс-државниот секретар. Актуелните? Ниту се во радарот на јавноста, а уште помалку земени на распит или поставени во ист контекст со нивните претходници.
  3. Поранешни директори на Пазарна инспекција и Директор за заштита и спасување се во притвор бидејќи наводно дозволиле клубот да работи диво, иако не се на функција веќе 9 месеци. Актуелните директори? Слободни – и дури ја водат “робусната” вонредна инспекција за други објекти.
  4. Тројцата последни градоначалници на Кочани се во притвор – најмалку еден од нив, според самиот Премиер, е “многу добар човек”, и тој лично гарантира за тоа. Овие јавни пораки, сигурен сум, немаат за цел да влијаат во независноста на истрагата – барем не во неговиот случај… нели, бидејќи самиот Премиер и неговата влада не убедуваат дека обвинителството и судството не си ја вршат како што треба својата работа, и токму затоа граѓаните не им веруваат повеќе од 2%.
  1. Ред други институции (Пазарна, Трудова, Финансиска, УЈП, Транспорт и др.) кои потенцијално носат сериозна одговорност, се кријат зад “фалсификуваната лиценца” што премиерот ја мафташе на прес-конференција – документ кој патем треба да биде доказен материјал во обвинителство, а не во рацете на “кадијата”.

Но, ни се погодило – имаме премиер кој е all-in-one:

Премиер, партиски лидер, претседател на младински и женски форуми, портпарол, обвинител, судија, истражител, експерт по судска медицина, па дури и мастер-уредник за медиумско известување.

Најмалку што може да се констатира е дека власта веќе го има компромитирано целиот процес, кој тешко дека ќе резултира со неселективна правда.

Драги мои, секоја трагедија носи болка за целото општество, создава колективна траума, и доаѓа со најскапо платени лекции. За жал, ние тврдоглаво одбиваме да ги учиме тие лекции – и затоа, тие постојано ни се повторуваат.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Кочани МВР пожар правда Сефер Селими Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.