Фуркан Салиу: Новинарството е под страшен притисок. Власта не бира средства за да се заштити од оправданиот гнев на граѓаните. Тоа само по себе кажува многу – што им е поважно: вистината или избегнувањето на одговорност? Од ботови на социјалните мрежи, преку владини послушници маскирани како новинари, па сè до нечовечки манипулации врз грбот на семејствата на починатите. Па, имате ли барем грам човечност? Знаете ли што е морал? Што е образ? Сакате да заќутиме? Добро. Еве, ќе ве послушамe. Но дали нашиот молк може да ја измие крвта од вашите раце?