НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ИНТЕРВЈУ, ТЕМА
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во СДСМ сум од мои 18 години и политички растев и созревав со многу жени на кои им должам дел од мојот успех. Тие се вистински примери за женска солидарност, подадена рака и поддршка една со друга и секогаш се сеќавам на нивното пркосење на многу мажи од раководството и „борба“ за своето мислење.

Според она што го знаеме од јавно достапните информации, но и ако се имаат предвид законите, тогаш првата одговорност или вина е во Министерството за внатрешни работи, поточно почнувајќи од полициската станица  под чија надлежност е оваа територија, па нагоре по хиерархија.

Марија Тодоровска 

Нова: Политиката се уште се смета за „машка игра“. Какво беше вашето искуство како жена на високи државни функции?

Петровска: Многу нешта се променети на подобро, за разлика од пред 20тина години. Сепак, морам да признаам дека ми пречи кога за некој добро сработен проект или постигнат успех ќе ми речат „одлично, машки сработено “ и ова најчесто е кажано од мажи и треба да претставува комплимент. И иако е употребено како општоприфатен речник, тоа говори дека длабоко во свеста така и се чувствуваат. За жал, сеуште постојат предрасуди и во поглед тоа дали и која жена може да се занимава со политика. Сеуште се поставуваат прашања за брачен статус, дали сте мајка или не и ако не, зошто не и така натаму. Според мене тоа не се прашања кои одредуваат каква личност сум јас или кои се моите способности и каква е мојата професионална посветеност и интегритет.

По природа сум борец и не се откажувам, затоа што и покрај сите предизвици верувам и знам дека Македонија може да биде уште подобро место за живеење, во кое ќе научиме да бидеме одговорни пред себе и пред другите. И можеби и затоа од соработниците бев прифаќана како прагматичар која има чисти и искрени намери да ги подобри нештата.

Нова: Како министерка за одбрана, работевте во сектор каде што традиционално доминираат мажи. Какво беше искуството да се биде лидер во таква средина? Дали можеби се промени нешто конкретно за жените во овој сектор за време на Вашиот мандат?

Петровска: Ја имав таа чест да ја наследам Радмила Шекеринска, која во 2017та година „го проби мразот“ и го промени непишаното правило дека позицијата министер за одбрана е резервирана за мажите. Па веројатно затоа и не почувствував отпор или негодување дека жена ќе раководи со министерството. Ја имав честа да ги продолжам проектите кои беа започнати во мандатот на Шекеринска, а кои се однесуваа на засилување на позицијата на жената во Армијата, нејзино почитување, заштита од сексуално вознемирување и вистинско вреднување на нивниот ангажман и посветеност. Во мојот мандат, за прв пат жена беше назначена за началник на една од секциите, и тоа на секцијата која е одговорна за набавките за потребите на Армијата. Тоа беше полковничка, која плени со својата смиреност, разумност, принципиелност и интегритет. Жалам што по доаѓањето на новиот министер и таа една позиција се замени со маж. Според мене, непотребно и неправедно. Но, ние жените сме борци. Секогаш кога ќе ни биде нанесена неправда стануваме посилни и поотпорни, затоа и на крај победуваме.

Нова: Дали сметате дека жените треба да бидат позастапени во одбраната и безбедносниот сектор?

Петровска: Апсолутно, и тоа не само затоа што се жени, туку затоа што се способни и можат многу повеќе да допринесат. Во текот на моето скромно искуство и во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за одбрана можам да потврдам дека во овие сектори има жени со капацитет и интегритет и кога би имала чест, со леснотија ќе составам „женска Влада“.  Тие се одличен пример за идните генерации кои сакаат да се посветат на одбраната и безбедноста на нашата држава.

Очекувам оваа година да биде промовирана првата жена генерал во Македонската Армија.

Нова: Како гледате на начинот на кој жените политичарки се перцепирани во Македонија? Дали се третирани со истата почит и сериозност како нивните машки колеги?

Петровска: Морам да признаам дека постои сериозен исчекор или напредок во овој поглед и тоа веројатно е резултат на бројните општествени активности, но и активностите на политичките партии кои се однесуваат на родово сензитивни прашања и ги третираме прашањата поврзани со еднаквоста на мажите и жените. Но, постои простор за сериозно подобрување затоа што мораме да се стремиме кон подобро. Стремежот кон подобро, не прави подобри луѓе, со тоа носиме и подобри одлуки и носиме добрини за нашата земја.

Нова: Дали сметате дека жените политичарки се почесто мета на лични напади отколку мажите? Како се справувавте со тоа?

Петровска: Дефинитивно да. Прво нешто што гледаат кај нас жените е како сме облечени, дали сме ослабнале или сме додале некој килограм, косата, шминката и.т.н. Искрено, на почетокот многу ми пречеше таквиот однос и коментарите околу изгледот, не само мојот, на било која политичарка, како тоа да е пресудно за нашата работа. Но, сфатив дека тоа оди во пакетот со должноста која ја извршував. Да, треба да внимаваме на нашиот изглед, но многу повеќе треба да внимаваме на зборовите кои ги кажуваме, бидејќи лошите зборови во политиката можат да предизвикаат пеколни ветришта.

Нова: Жените во вашата СДСМ ги има се повеќе на високи партиски позиции – до политиката на партијата е или до амбициите на партиските членки?

Петровска: Добра комбинација на двете. Во СДСМ сум од мои 18 години и политички растев и созревав со многу жени на кои им должам дел од мојот успех. Тие се вистински примери за женска солидарност, подадена рака и поддршка една со друга и секогаш се сеќавам на нивното пркосење на многу мажи од раководството и „борба“ за своето мислење. Снежана Орловиќ Стојановиќ, Светлана Ефремовска, Дана Мартиновска се само мал, но значаен дел од жените кои и после 25 години, иако пензионерки, се уште активни и ги имаат истите жар и енергија како и тогаш, нивните имиња се дел од темелите на Форумот на жени на СДСМ.

Нова: Како ја оценувате моменталната состојба во СДСМ? Кои се најголемите предизвици за партијата во овој период?

Петровска: Сложена и сериозно предизвикувачка. Внатрепартиските процеси мора побрзо да се одвиваат и побрзо да се носат одлуки, затоа што ни претстојат сериозни процеси за кои СДСМ мора да покаже капацитет и издржан став. После таков пораз на Парламентарните избори минатата година, партијата мора да се ослободи од товарот и да продолжи понатаму и токму во таа насока беше и предлогот за ветинг на членовите на органите на партијата, како дел од мојата внатрепартиска изборна програма. Можеби сегашното раководство може да го разгледа овој предлог.

Нова: Накусо, кои се Вашите ставови за иднината на земјата во однос на евроинтеграциите, на новите геостратегиски „ветришта“, колку е безбедна Македонија?

Петровска: Геополитички, Македонија е безбедна заради нашето членство во НАТО и колективниот систем на одбрана на кој му припаѓаме. Внатрешно ќе бидеме безбедни толку колку што ќе работиме на тоа и колку што ќе вложуваме. Трагедијата која ја доживеавме на 16 март покажа дека многу нешта мора да менуваме. Таа трагедија покажа дека заради несовесно работење, корупција, неспособност ни загинаа 60 наши сограѓани, наши пријатели, деца, дел од нечие семејство. Ништо повеќе нема да биде исто после 16 март.

Мора да се научиме на одговорност и отчетност. Ама не само како политички пораки кажани попатно во некоја од изјавите, туку тоа треба да биде врежано во нашата колективна свест. Го разбирам бесот и гневот на граѓаните кои бараат правда и одговорност. И јас барам правда. И во име таа на правда јас велам дека одговорноста има име и презиме, односно виновникот се поединци, кои се дел од системот. Ако и понатаму продолжиме да генерализираме, дека системот не чини, дека мора да го менуваме тогаш несвесно паѓаме во замката дека за ова масовно убиство виновни сме сите. А кога ќе кажете дека сме виновни сите, тогаш ги штитите вистинските виновници.

Според она што го знаеме од јавно достапните информации, но и ако се имаат предвид законите, тогаш првата одговорност или вина е во Министерството за внатрешни работи, поточно почнувајќи од полициската станица  под чија надлежност е оваа територија, па нагоре по хиерархија. Секако дека одговорност имаат и другите институции кои знаеле или требало да знаат каков објект е тој кој се нарекува дискотека.

Според мене дел од моментално притворените се неправедно приведени, но за жал вистинските виновници се надвор и многу извесно дека ќе посегнат кон бришење или криење на докази. Затоа сметам дека итната реакција со проширување на истрагата е неопходна и може да помогне правдата да биде задоволена.

Нова: Како ја гледате иднината на македонската политика? Што треба политичарите да променат кај себе?

Петровска: Во контекст на големата трагедија ќе потсетам на еден голем морален и човечки чин од тогашниот министер за транспорт и врски, Антони Пешев кој иако немал директна вина за падот на авионот, воден од моралните вредности и со намера да му помогне на системот поднесува оставка. За жал, иако подоцна се случија сериозни пропусти, па и трагични настани, речиси ниту еден министер не замина од позицијата од морални причини. И затоа покрај кривичната одговорност, мора да има морална одговорност.

Ако велиме дека ќе се ресетираме и ќе го менуваме системот тогаш додека трае истрагата како политичари да му помогнеме да обвинителството и да не попречуваме.

Генерално, она што во моментов се случува на македонската политичка сцена личи на сцени од евтина филмска продукција. Простете, но нивото на политичка култура во дебатите, во давањето изјави, во меѓупартиската комуникација е под секое ниво. Поголемиот број на носители на високи државни должности, се обземени со самобендисаност и ароганција, пренагласената употреба на жаргони и уличен речник, а за жал и некои колеги од опозицијата не заостануваат. И тоа негативно влијае на севкупниот амбиент, но и има негативни ефекти врз младите генерации. Исклучок од ова однесување е Претседателката на државата која секогаш е внимателна и го држи нивото на професор, кое впрочем и и` доликува.

Освен речникот и начинот на кој комуницираат мора да се промени и начинот на кој повеќето размислуваат.

Кога сте во политика ТИЕ, се мисли на граѓаните, мора да биде поважно од ЈАС или НИЕ, се мисли на партиските истомисленици.

И прагматичноста. Светот се менува многу брзо, впрочем и развојот на технологиите си го прави своето и затоа немаме многу време за „уште еден ден“. Знам дека носењето одлуки, особено кога си власт е тешко и предизвикувачки, ама единствено полоша работа од носењето одлуки е нивното одлагање или неносење. И затоа, за крај би додала и повеќе храброст, ама не во ветувањата туку при исполнувањето на она што сме го ветиле.

интервју Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.