НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон – Зеленски: Европа стои зад Украина

0
By Zoran Ivanov on March 26, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз на прес-конференција со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека Европа стои зад Украина.

Руската агресивност има многу директно влијание врз нашата безбедност во Европа. Ние сме во одлучувачка фаза да ставиме крај на агресијата. Го поздравувам претседателот Трамп и неговите напори за прекин на огнот, рече Макрон.

Тој додаде дека 30-дневниот прекин на нападите врз енергетската инфраструктура на Украина е „прв чекор“, пишува парискиот весник „Фигаро“.

Русија ја покажа својата подготвеност да води војна и да продолжи со својата агресија. Ја чекаме посветеноста и договорот од Москва за 30-дневен прекин на огнот без предуслови, рече Макрон.

Тој најави дополнителни две милијарди евра помош за Киев и испорака на ракети земја-воздух Мистрал, тенкови АМХ-10 РЦ и муниција.

За време на заедничката прес-конференција во Париз, Зеленски ја пофали „непоколебливата поддршка на Париз за Украина“ и го нарече Макрон пријател.

Нашата соработка станува сè поконкретна. Сакам да ги истакнам напорите на Франција да ја обезбеди нашата одбрана од руските напади. Ги видовме вашите борбени авиони Мираж во акција и тие станаа дел од нашиот воздушен штит против руските беспилотни летала, рече Зеленски.

Тој изрази благодарност до Европа за поддршката на одбраната на Украина, нагласувајќи дека е важно секоја земја да може да ја развие својата одбранбена индустрија.

Колку повеќе се произведува оружје, толку повеќе загуби од нашите животи ќе бидат спасени, рече Зеленски, коментирајќи го создавањето на европска сила способна да ја одврати секоја идна руска агресија.

Во договорот постигнат во Саудиска Арабија со американско посредство, Русија и Украина ветија дека ќе обезбедат безбедност на пловидбата во Црното Море, ќе ја елиминираат употребата на сила и ќе спречат употреба на комерцијални бродови за воени цели.

 

Зеленски Макрон Париз средба Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.