Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

0
By Zoran Ivanov on March 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 29, 2025 15:56

Додека народот и државата тагуваат поради огромната трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а околу 200 се повредени, Владата на ДПМНЕ турка тендери за мерење рејтинзи и пропаганда, рече на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски. Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите – рече Кузеска.

Таа додаде дека Владата набавува софтвер за да ги оценува вестите на медиумите– дали се позитивни, негативни или неутрални, а планира да собира податоци и за авторите.

Тоа ли се приоритетите на власта?  Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски. Зошто да се трошат пари на граѓаните за прес-клипинг кога веќе има професионална служба за прес-клипинг во Владата? Граѓаните добро ги знаат режимските методи на ДПМНЕ и ова е само нивно продолжение. Како тоа Владата на ДПМНЕ планира да ги селектира медиумите како позитивни, негативни или неутрални, што ќе случи доколку известуваат негативно, ќе бидат казнети, замолчувани – праша Кузеска.

Според неа, власта манифестира бесчувствителност и расипништво во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага.

СДСМ бара итно поништување на тендерот за „софтвер за медиумско влијание“ и тендерот за анкети. Тие пари, заедно со 400.000 евра предвидени за анкети да се дадат за помош на семејствата и граѓаните на Кочани. Сега е време за солидарност и одговорност, а не за мерење рејтинзи и пропаганда – рече портпаролката на СДСМ.

 

медиуми СДСМ тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.