НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарците продолжуваат со протести против забраната на Орбан за одржување ЛГБТ парада

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот Euronews
Фото: Скриншот Euronews
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници граѓани на Унгарија синоќа излегоа на улиците на Будимпешта, протестирајќи против новиот закон кој има за цел да ја забрани годишната ЛГБТ парада.

Критичарите на законот го гледаат како дел од поширока кампања за ограничување на демократските слободи, во пресрет на парламентарните избори во 2026 година.

Фото:  Скриншот Euronews
Фото: Скриншот Euronews

Премиерот Виктор Орбан, кој веќе долго е во судир со либералните кругови во ЕУ, ја засили реториката против ЛГБТ заедницата, а истовремено најави мерки за ограничување на странското финансирање на независните медиуми и невладините организации.

Во март, парламентот, каде што доминира партијата на Орбан – „Фидес“, усвои закон со кој се забранува одржување на ЛГБТ парадата, со образложение дека „може да им наштети на децата“.

Според законот, полицијата добива овластување да користи камери за препознавање лица за идентификација на учесниците, како и да изрекува казни, што критичарите го нарекуваат инструмент за политичка репресија.

Фото:  Скриншот Euronews
Фото: Скриншот Euronews

Орбан тврди дека самото одржување на протестите покажува дека во Унгарија „нема закана за демократијата“ и ги отфрли демонстрациите како „чиста провокација“.

Сепак, протестот, трет по ред против контроверзните реформи на Орбан, е доказ за растечката загриженост за состојбата со демократските права во земјата, повеќе од две децении по нејзиното приклучување кон Европската Унија, наведуваат локални медиуми.

Фото:  Скриншот Euronews
Фото: Скриншот Euronews

Дваесет и две амбасади во Будимпешта, вклучувајќи ги француската, германската и британската, објавија заедничка изјава во која изразуваат „длабока загриженост“ поради новите ограничувања на правото на мирно собирање и слобода на изразување.

Организаторите на ЛГБТ парадата најавија дека ќе го одржат настанот и покрај законската забрана.

Будимпешта ЛГБТ Орбан парада протести Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.