Студенти и членови од академската заедница на Србија тргнаа со велосипеди од Нови Сад во акција – „Тур до Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани.
Фото: Скриншот Н1
Со нив заминаа и новинари од неколку белградски медиуми. За патувањето студентите ќе објавуваат на социјалните мрежи.
Голем број граѓани утринава подготвија испраќање за студентите кои ќе ја возат првата делница до Суботица, а потоа преку Будимпешта, Братислава, Виена, Линц и Улм, па пристигнување во Стразбур.
Фото: Скриншот Н1
80 студенти на велосипед се очекува во Стразбуд да пристигнат на 17 апирл.
Тие ќе им се обратат на претставниците на Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.
„Се обидуваме да допреме до поголем број луѓе во странство, за да слушнат повеќе за нас и да добијат поддршка однадвор затоа што сè уште ни е потребна. Бидејќи ја пропатувавме цела Србија, веруваме дека беше клучно луѓето лично да не запознаат и да ја разберат нашата мисија и цел, па веруваме дека и таму ќе не сфатат сериозно откако решивме да започнеме на овој начин“, изјавија тие.