Студентите и учениците кои со велосипед заминаа во Стразбур, пристигнаа во Виена.
Беа срдечно пречекани од голем број граѓани.
Нивните колеги од Белградго упатија и шестото барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за престојот на новинарските екипи и на Александар Вучиќ на одделението за интензивна нега на УКСЦ каде што се сместени пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Студентите во Крагуевац пак, шест часа го блокираа еден од најважните патишта. Студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад организираа протест пред Заводот за студентска здравствена заштита. Во Белград се одржа студентски протест во блокада пред Универзитетот „Унион – Никола Тесла“, поради објавување на априлскиот испитен рок.
Србија практично секојдневно веќе четири месеци е блокирана од граѓански анти владини протести што ги иницираа и ги предводат студентите.