Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 7 години повторно се отвора комплексот „Македонско село“, избран нов концесионер

0
By Marija Todorovska on April 8, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, ФЛЕШ ТРИ
Фото:macedonianvillage.mk
Фото:macedonianvillage.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 8, 2025 13:05

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за концесионер на комплексот „Македонско село“, кој е избран  по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.

После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра. Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата, се наведува во соопштението од СОЗР.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Водно комплекс македонско село концесионер Нерези СОРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.