НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палевски: Жртва сум на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури

0
By Marija Todorovska on April 14, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првообвинетиот за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, Љупчо Палевски денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговрност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури. Според него, обвиненијата се дел од обидите за негово дискредитирање поради неговите активности против корупцијата и перењето пари во земјата, како и политичкиот ангажман за организирање референдум за прашањето со Бугарија.

Одговарајќи на прашање од неговиот бранител, адвокатот Јовица Страшевски, дали ги сторил убиствата Палевски, рече дека „не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство“.

Не сум извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил, рече Палевски.

Палевски, во својот исказ пред Судот, меѓу другото рече дека бил жртва на брутален медиумски линч на кој бил изложен од портали кои, како што рече „се под контрола на СДСМ и портали под контрола на ДПМНЕ“. Причините, за тоа, според Палевски, е што неговата политичка партија „Десна“ се обидела да организира референдум за прашањето со Бугарија, со кој, како што рече, „прекинуваат какви било политички разговори за идентитет, јазик и слично што оваа власт, ниту претходната, ниту таа пред неа, без исклучок, никогaш не го прашала сопствениот народ“.

Палевски, исказот пред Судот го почна со одговарање на прашањето „Кој сте“, на што рече дека „регистрирав политичка партија и бев претседател“, а дека претходно години се занимавал со политика и правел згради.

Во врска неговиот политички ангажман, она што смета дека е од интерес на овој судски процес, Палевски рече дека претходно биле многу конфронтирани како политички субјект со актуелната влада и политички процеси, но дека ќе објасни само за тоа што се случувало три месеци до ноември 2023 година.

 Организирав и собрав потписи за распишување референдум за народот да се изјасни за Договорот за добрососедство и пријателство со Република Бугарија, кое беше одбиено барање поради погрешен наслов. Потоа, во истиот месец, беа скенирани 50 илјади декларации подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот митрополит Агатангел. Во исто време се организираа и некакви штабови, општински организации на политичката организација на ПП „Десна“, рече Палевски.

Во исто време, Палевски посочи дека секој вторник, среда, петок, сабота и недела, тој лично емитувал програма во живо на неколку социјални платформи. Секој вторник, во 10 часот одел поткаст „Лицеум“, во среда од 21 часот „Крш Дебата“, а во петок и Извршен комитет на партијата на апликацијата Зум, затоа што четворица членови биле од Македонците низ светот.

Освен оваа активност, во ноември месец 2023 заврши проектот банкстери за перење на пари во Република Македонија, во официјални банки, поддржано од Народна банка на Република Македонија. Проект кој започна со емитување на 28.11 во 21 часот, а требаше да биде на 26 во 22 часот од причини што доцнеа неколку докази, изводи од сметки, пасоши за мега трговци со оружје од Иран кои имаа депозити во македонски банки, не беа пристигнати сѐ уште тие докази кои беа воедно и последни кои недостасуваа, тоа беше причината за одлагање на последниот крш 113 како епизода од редовен поткаст во тој серијал на документи и криминал кој беше објавен само еден мал дел, три документи, затоа што после тоа бев уапсен, се наоѓа и причината за убиството на Никола Младенов, рече Палевски.

Според Палевски, се работи за фирма од Велес, Широко Езеро, преку која се испумпани огромен број на пари надвор од Македонија – 420 милиони долари во Комерцијална банка Скопје, на име на ирански државјанин, замрзнати средства од Стејт департментот, и 120 милиони долари на истото лице во Капитал банка.

Во тие документи се содржани лични податоци на Иранскиот државјанин, но ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Република Македонија затоа што Иранскиот бизнисмен продавач на „шахит“ ирански дронови на Руска федерација, и не успеав да ги објавам податоците, средствата се прилив од Република Србија. Тоа беше објавено, а требаше да следат уште десет подкасти дека Република Македонија е најголема прерална после Швајцарија. Но, не со видеа од двор, туку со официјални банкарски документи во форма на докази. Сето тоа го правев сам во организациска смисла и одговорност со пет до шест соработници од кои двајца се надвор од Република Македонија, појасни Палевски.

Сето тоа како ангажман во ноември 2023, што според Палевски е најдобра „слика за мојот лик и дело, мојата работа“.

Прашан дали лично се чувствува како што бил прикажан на првите прес-конференции на Обвинителството и МВР и по медиумите дека е монструм и убиец, Палевски рече „ниту едното, ниту другото.“

А мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на пресумпција на невиност, не постои и тоа од причини што шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Република Македонија. Оливер Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи, ирански државјанин, шверцер со дронови да отвори нерезидентна сметка во НАТО банки на Република Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите депонирани во Република Македонија и нејзините банки, е сосем доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек, се компромитира човекот во целост, а инструментот по слушнат глас за ова јавно обвинителство не постои, службено да реагираат по допрен глас. Ова јавно обвинителство, мислам на скопското, не реагираат, идентично како и за оружјето во овој судски процес, изјави Палевски.

Според Палевски, и медиумите се комплетно „корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од банкарскиот сектор нема да постојат“.

Една и пол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција, за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде што бев опишуван како што бев опишан. На прес-конференцијата одржана на 5 декември кога е поднесена кривичната пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење во моменти на одржување на тој прес, ЈО до подигнување на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и днк. Сите останати вештачења се правени после 5 декември, појасни Палевски.

Според Палевски, прашањето е во ваква масовна истрага „кој ги брифирал со лагите медиумите“, посочувајќи го како пример сведокот Гоце Трајковски, кој, како што рече „глуми Шерлок Холмс тука во судот“, а лично тој на полицискиот инспектор кој сведочење во случајот Каишиќ „му праќал скринови од некакви инфлуенсерки кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања“.

Сето тоа некој уредно го пласирале на позади мене сместена една професија која егзистира крајно непрофесионално без ниту еден доказ како што предмалку кажав, шпекулации. Такви лаги се истурени во огромна количина, рече Палевски.

Во исто време, Палевски рече дека, директорот на КПУ Затвор, вршел приватни истраги, ги тепал и распрашувал обвинетите, а сите тие разговори на обвинетите, во порака се прашани на Гоце Трајковски, и дека во доказот 151 самиот Гоце „се фали на инспектор Калишиќ, што сѐ дознал преку неговиот брат, Сокол“.

Tака се хранети медиумите со лаги, за кои сметам дека биле должни да ги проверат, за да се заштити не само мојот, туку интегриритетот на семејството на убиеното дете. Но, тоа не направија. После една и пол година од настанот не постои наслов во медиумите каде што монструмот го посочува оружјето со кое што можело да биде сторено ова кривично дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика која ја започнавме со политичката партија Десна е причина за ваквиот однос на медиумите, бидејќи е единствена политичка партија која покренала иницијатива за референдум за многу болно прашање, изјави Палевски пред судот.

На почетокот од денешното судење, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски одговори на неколку прашања на судијата Ивица Стефановски при што посочи дека од снимките кои што прибавиле, прегледани се камери од фризерницата, кафулето Синдикат, бензинска Окта и штедилница Папилон, сите локации поврзани со движењето на Вања.

Според него, јасно било дека Вања не можела пешки да стигне од ресторанот Мечос до Фитнес Хаус за краток период, споредувајќи го времето и локацијата од Google карти. Фокусот бил ставен на сомнително возило Цитроен кое се движело бавно, исфрлало густ чад, и делувало како да тргнало од непосредна близина.

Обвинетиот потврди дека пратил две СМС пораки на телефонот на Вања истиот ден, помеѓу 13-15 часот. Содржината на пораките била: „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“ и „Од родителите“, со надеж дека телефонот ќе биде вклучен и пораки ќе се прикажат.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беа сослушани и останатите обвинети.

Александар Ѓорчевски Вања Палевски Панче Партија Десна перење пари референдум судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.