Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави информации за состојбите на теренот и т.н. 30-часовен Велигденски прекин на огнот што го прогласи Путин вчера. Тој се потпира на извештајот од командантот на украинските одбранбени сили, генерал Сирски, за сосотјбата на фронтот до 6:00 часот наутро.
Од извештајот се дознава дека во различни насоки на линијата на фронтот, се забележани 59 случаи на руско гранатирање и пет напади од руските единици.
Во секторот на Старобилската оперативна тактичка група, документирана е една борбена акција, во секторот на ОТГ Донецк имаше три борбени акции – во насоките Покровск и Новопавливка, а една борбена акција се случи во близина на Степове во насока Запорижја. Непријателот изврши десетици напади со беспилотни летала ФПВ, пишува Зеленски.
Итсо така, во Курската област, руските сили извршиле артилериски напади и користеа беспилотни летала.
Претседателот Зеленски ја информира светската јавност дека украинските војници реагираат пропорционално, како што вели – „како што заслужува непријателот, врз основа на специфичната борбена ситуација.
Руското Министерство за одбрана паск, соопшти дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето што еднострано го прогласи рускиот претседател Владимир Путин за празникот Велигден, предизвикувајќи штета на инфраструктурата и предизвикувајќи цивилни жртви.
Украинските сили истрелале 444 пати врз цивилни цели и кон руските позиции и извршиле повеќе од 900 напади со дронови кои исфрлале бомби и 48 беспилотни летала, тврди Москва. Според истиот извор, нападнати биле пограничните области Брјанск, Курск и Белгород, како и врз црноморскиот полуостров Крим, објави руското министерство на Телеграм.