Венко Филипче: Од 2007 до 2013 година на располагање сме имале околу 4 милијарди евра и плус 1,3 милијарди евра за меѓугранична соработка. Во следниот период, од 2017 до 2020 година, сме имале 4,2 милијарди евра плус 2,3 милијарди евра за меѓугранична соработка. Во истиот тој период, Бугарија и Романија добиле 46 милијарди евра од европските развојни фондови. Кога тоа го споредуваме со процентот на бруто-домашниот производ, ние, како земји од Западен Балкан, во просек сме добиле околу 5% од БДП по глава на жител поддршка од ЕУ, додека Бугарија и Романија добиле 25%. Сега, за периодот од 2024 до 2027 година, тие добиваат 41 милијарда евра, а ние сега го користиме Планот за раст што е многу помал, или вкупно за сите земји околу 7 до 8 милијарди евра. Време е да гледаме низ една друга перспектива. Што и да е на масата, каква и да е пречка исправена пред нас, мора да се обединиме, поради тоа што кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме. Најлошото сценарио е сите овие проблеми да ги оставиме на страна да ги решаваат следните генерации.