Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку чини еден работнички живот

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ИЗБОР
Фото: Фронтлајн
Фото: Фронтлајн
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 24, 2025 12:49

Ако синдикалната кошница покажува беда, а владината просечна кошница покажува благосостојба – зошто да им веруваме на луѓето, кога можеме да си веруваме сами на себе?

Јане Ѓорѓиоски

Апсолутна хармонија владее во Македонија. Владата си брои успеси, а народот – денарчиња. И не било какви, туку точно 62.691 денари – толку изнесува синдикалната минимална кошница за април.

Македонскиот работник живее „убаво“ – со две и пол плати не стигнува ни до 30-ти.

Одлична вест, нели?

Значи сè си е под контрола – на едно семејство му фалат само уште две и пол минимални плати за да преживее.

Ситница!

Ама Владата не се секира. Тие си имаат своја кошница – просечна, стерилна, дезинфицирана од реалност. Во неа граѓанинот јаде од евтиниот бурек што му го вети Мицкоски, пие јогурт на попуст и живее во стан што не постои, а струјата му ја плаќа самодовербата.

Храна и пијалаци – 21.480 денари.

Одлично?!

Тоа значи дека секој што зема минимална плата може да си дозволи – да гледа слики од храна на интернет и тоа на веб сајтовите од маркетите каде се истакнати цените на сите артикли. Како што ни вети Владата така и исполни. Или да оди во маркет, да шета со количката и да вежба „window shopping“, односно „shelf staring“. Лепота!

Мерки?

Да, имало!

Владата храбро им удри шамар на трговците со мерка за ограничување на маржите.

Резултат?

Цените паднале за цел 6,78%! Односно – ако нешто чинело 100 денари, сега чини 93. Истиот производ, истиот мака за купување. Само поефтино на хартија. На каса, пак, шок.

И бидејќи платата не стигнува за сè, мора да се избира: дали да се јаде, да се грее или да се оди на лекар.

Рекреација и култура?

Па кој има време за театар кога цел месец играш драма со неплатените сметки дома?

А ССМ, тие неблагодарници, пак, замислете, бараат минимална плата од 500 евра и уште плус 100 евра за сите други. И за први мај најавија протест. Срамота?!

Замисли бе, сакаат луѓето да не мора да пресметуваат дали имаат пари за леб или за автобус.

Ама Владата знае што прави. Таа се прашува: ако синдикалната кошница покажува беда, а владината просечна кошница покажува благосостојба – зошто да им веруваме на луѓето, кога можеме да си веруваме сами на себе?

Останува само едно: да воведеме нова мерна единица за стандард – еден „работнички живот“ = 2,5 плати + фантазијата на Владата.

И ќе биде супер драги мои.

Така ни велат.

Да им веруваме!

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Влада минимална кошница минимална плата Први мај протест ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.