НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муцунски: Дејствијата на Таравари го потпомагаат ДУИ –  ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со некој што го прави тоа

0
By Zoran Ivanov on April 25, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека е разочаран од тоа што дејствијата на Арбен Таравари, лидер на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство во Владата од коалицијата Влен „на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ“ и смета дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да соработува со секој што соработува со, како што истакнува, вакво нереформирано ДУИ.

Муцунски очекува дека ќе се најде задничко разбирање на претстојната средба на премиерот Христијан Мицкоски со Таравари, а најавена по последните превирања во Влен по објавата за самостоен настап на крилото на АА на Таравари со советнички листи на локалните избори. Во однос на можноста за двојни избори во октомври, и предвремени парламентарни заедно со локалните, посочува дека не е исклучена ниту една опција, но порачува дека одлуките не треба да се носат врз основа на емоции, туку според рационалните потреби на граѓаните и економијата.

Во гостување на ТВ Сител Муцунски оцени дека некој презема дејствија кои им помагаат на дестабилизачките фактори во македонското општество и оти тоа е погрешен начин на работење.

Имаме владино мнозинство и Влада што испорачува резултати во различни области, која се бори против корупцијата и против сите феномени каде предвесник беше СДСМ и ДУИ и сега повторно некој да презема дејствија кои им помагаат на таквите дестабилизачки фактори во македонското општетсво е погрешен начин на работење, спротивно е на европските вредности за кои сите зборуваме и не е нешто што треба да се охрабри, рече Муцунски во гостување на ТВ Сител.

Прашан дали мисли за Таравари, одговори потврдно и наведе дека е разочаран од тоа што неговите дејствија на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ.

Да, јас навистина сум разочаран. За Арбан Таравари, како колега, како човек, имам позитивно мислење и тој е некој со кој треба да соработуваме и да градиме иднина напред, но истовремено сум разочаран кога гледам како неговите дејствија единствено што прават на терен е го потпомагаат функционирањето на ДУИ. Сметам дека и тој неговата кампања за претседател на државата ја градеше на тема со промени и ние сме за промени, на терен работиме за промени и се надевам дека коалицијата Влен ќе успее да најде заеднички јазик. Но секако со вакво ДУИ и со секој што соработува со вакво нереформирано ДУИ, не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да соработува, оцени Муцунски.

ДУИ интервју коалиција муцунски Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.