НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови правила за влез во зградите на Европскиот парламент

0
By Marija Todorovska on May 5, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој поединец кој влегува во зградите на Европскиот парламент за да застапува интереси на надворешни странки од почетокот на месецов е должен да активира специјален беџ и да ја наведе причината за неговиот престој во објектот.

Целта на ваквите мерки е да се заштити институцијата од потенцијално нови скандали со корупција и обиди за поткуп, по оној од пред две години, познат како „Катаргјет“ или последниот со подмитување на 15-тина европратеници од страна лобисти на кинеската компанија „Хуавеј“.

Според европратеникот Марк Ангел, кој е задолжен за внатрешни административни прашања во ЕП, ваквите мерки се преземени затоа што Парламентот смета дека „транспарентноста е важна“.

Кога станува збор за лобисти, без разлика дали се од деловниот сектор или од невладините организации, важно е да можеме да видиме со кого се среќаваат и зошто доаѓаат во Парламентот, истакна Ангел.

Досега, регистрираните лобисти со своите беџови можеа слободно да влегуваат во зградите на Европарламентот кога сакаат, но сега ќе мора да се регистрираат при секој влез преку мал терминал на влезните врати на објектите. Дополнително ќе треба и да наведат со кој европратеник или член на помошниот персоналот ќе се среќаваат или пак на кој состанок или настан во Европскиот парламент ќе присуствуваат. Овие информации ќе бидат од доверлив карактер и ќе се чуваат во Одделот за безбедност.

 Во случај да има истрага или проблем, постои можност да се види кој со кого се видел и да се добие јасност и транспарентност, додаде Ангел.

Прес-службата на Европскиот парламент информира дека овие мерки се во рамки на „широкиот пакет реформи усвоен од Европскиот парламент во текот на изминатите години за зајакнување на неговиот интегритет, независност и одговорност, а воедно и за заштита на европратениците“.

Сепак, според лоби групите, нема добра основа за овие дополнителни проверки.

Претседателката на лоби групата Здружение на професионалци за европски прашања, Ема Браун смета дека со ова само се додаваат бескорисни бирократски процедури.

Лобистите се веќе темелно регистрирани, а дневната активација и најавувањето на посети се непотребен товар, истакна Браун.

Во март годинава Белгиското Јавно обвинителство изврши претреси на 21 локација ширум Белгија во рамки на истрагата под сомнеж дека лобисти на кинеската компанија „Хуавеј“ подмитиле околу 15 европратеници, со цел да ја промовираат и да работат во интерес на трговската политика на фирмата во Европската Унија.

Во декември 2022 година, пак, бриселската полиција изврши серија претреси на имоти и канцеларии низ Брисел, при што уапси неколкумина осомничени и заплени вреќи со пари, во рамки на истрагата против тројца тогашни европратеници, кои се осомничени дека биле „под влијание на владите на Катар, Мароко и Мавританија“. Во овој скандал, кој стана познат како

Катаргејт“, европратениците се осомничени за примање поткуп и обвинети за „корупција“, „перење пари“ и „организиран криминал“. Еден од осомничените веќе се изјасни за виновен по сите обвинувања, во замена за договор за поблага казна и обелоденување на идентитетите на оние кои биле вклучени во заговорот за поткуп.

беџ Влез Европски парламент ЕУ лобисти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.