НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

0
By Marija Todorovska on May 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд Тетово денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе ги загубија животите. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Флорин Бесими и Артан Етеми виновни се за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно е за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 5 во врска со став 4 и во врска со став 2 од Кривичниот законик. Судот Флорин Бесими и Артан Етеми ги осудува на ефективна казна затвор од траење од една година и шест месеци, Судот правното лице го осудува на парична казна од еден милион денари да ја плати по 30 дена од правосилност на пресудата, наведе при читањето на пресудата судијата Реџеп Муса.

Обвинетиот Флорин Бесими по изрекувањето пресуда во изјава за медиумите изразувајќи сочувство за човечките животи, рече дека е сторена неправда.

Ова судење не беше за да се открие вистината, ниту да се најдат виновниците на оваа трагедија, зошто настанал пожарот, кој е одговорен за изградба на објектот што изгори, кој дозволи животите на луѓето да бидат ставени во опасност. Не, ова судење се претвори во склоп на вина, против оние што ниту имале моќ, ниту одговорност за оваа трагедија. Мене ме обвинија за недостаток на противпожарни апарати, а во постапка докажавме дека има ПП апарати, иако гледате дека не сум се потпишал на ниеден документ, сите знаат, не го зедоа предвид, дека не сум потпишан за таков објект. Ова е стварно неправда, иако некои од сведоците тврдеа дека имало ПП апарати иако ние со очи видовме тој пожар не можеше да се изгасне со ниту еден рачен апарат. Ова е бегање од вистината, јас не барам милост, јас барам правда за жртвите и за себе. Барам вистина да излезе на виделина, семејствата на жртвите не заслужуваат погрешно објаснување и лажен виновник. Тие заслужуваат да ја знаат вистината, изјави Флорим Бесими.

Бранителот на Клиничка болница Тетово истакна дека пресудата за нив не е прифатлива и смета дека е последица на погрешно утврдена фактичка состојба и грешно толкување на одредбите од Законот за кривична постапка.

Ние ќе поднесеме навремена жалба, и веруваме во судството дека второстепениот суд правилно ќе ги оцени нашите наводи, изјави адвокат Ваљон Абдуљамиди, бранител на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Мумин Исмаили, претставник на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница рече дека не се задоволни од оваа пресуда.

Да одиме по математика, да ги ставиме тие 14 жртви изнесува по еден месец затвор, ние ќе продолжиме натаму со жалба, не сме задоволни. Пред судот требаше да дојде и министерот Филипче, Анѓушев, фирмата Брако, инсталацијата на струјата што ја ставаа во модуларната, тие треба да бидат виновни за оваа трагедија, ама државата одлучи Флорим Бесими и Артан Етеми да бидат казнети една година и шест месеци. Не викам дека немаат вина и овие, вина имаат и овие, ама вината е погоре, изјави Мумин Исмаили.

Ова беше второ, повторното судење за модуларната болница во Тетово, кое почна во март 2025 година. Апелацискиот суд во Гостивар во април 2024 година донесе решение повторно да има судење за двајцата поранешни директори и Клиничката болница како правен субјект по првиот процес кој беше завршен во јуни 2023 година кога директорите добија условна осуда од една година и шест месеци затворска казна.

затвор модуларна судење Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.