НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Најавувам големи промени во партијата и државата

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на крајот од оваа година, а најдоцна почеток на следната година ќе има голема промена во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единствено најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски во своето обраќање на 20-тата годишна Конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицксоки се осврна и претстојните локални избори.

Пред нас се локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори интензивно. Кандидатите за градоначалници ќе ги објавиме во два циклуси, а првиот ќе започне крајот на месецов по одржани состаноци на ИК и ЦК на партијата. Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест и задоволство, но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати било каде во сите општини речиси водат најмалку 3 до 4 пати, споредено со кандидатите од опозицијата. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останатите двајца, тројца, четворица  кои се на листите коишто се споредуваат со евентуалните кандидати, коишто ќе ги предложи опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2,3 или 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина, вели Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека Унијата на жените е организација која е дел од срцето на партијата и заштитник на женските права и упати благодарност до секој член кој посветено се борел и се вложувал во политиките, реформите и верувањата на државата.

Работиме посветено и одговорно, свесни за обврската и одговорноста која сме ја презеле, но и задолжени кон граѓаните и кон идните генерација затоа што оваа наша борба не е и нема да биде борба само на една генерација, наше е да го направиме најдоброто што можеме да поставиме темели и да ги вратиме вистинските вредности во политиката и општествениот живот, на почитување на законите, работа и посветеност за и кон сопствениот народ и држава, принципиелност, чесност, доследност, рече Мицкоски.

 

Влада ДПМНЕ жени локлани Мицкоски реконструкција унија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.