Едно лице загина, а три се повредени во руски напад на станбени делови на градот Херсон на југот на Украина во текот на изминатата ноќ, соопшти градската воена управа на Херсон.
Во соопштението објавено на Телеграм се наведува дека нападот се случил во 22:30 часот, пренесе Укринформ.
Повредените маж и две жени се пренесени во болница.