Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју / Даниела Николова: Одлуките се носат зад затворени врати – не се практикува јавна дебата за важни образовни прашања

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ОБРАЗОВАНИЕ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 20, 2025 08:30

Силен, квалитетен образовен систем бара стабилност, визија и професионализам, а не експериментирање и политички маркетинг. Владеачкото мнозинство креира образовен систем согласно идеолошката определба, партиските потреби и акцентот го става само на потребите на пазарот на трудот, не водејќи никаква грижа за развојот на личноста на младите луѓе.

Марија Тодоровска 

Законот за средно образование за неколку месеци се менува по трет пат, а Законот за средно образование четврти пат. Според пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, ова е индикатор на несериозните образовни политики на Владата. Николова е член на  собраниската Комисија за образование, наука и спорт на која минатата недела беа прифатени предлог измените и дополнувањата на законите за основното, средното и високото образование и се дадоа на понатамошно читање. Пратеничката од СДСМ остро реагираше на пречестите промени во образованието, како и за нетранспарентноста при носење Закони и селективната поддршка на одредени научни области. Во врска со овие прашања, направивме интервју со пратеничката Даниела Николова.

Нова: Реагиравте дека законите од областа на образованието се менуваат пречесто, дури и по неколку пати во една школска година и дека ваквиот пристап е проблематичен па, оттука, какви се последиците по стабилноста и квалитетот на образовниот систем?

Николова: Законите за основно односно средно образование од декември 2024 година до сега се менуваат повеќе пати. Поточно Законот за основно образование во овие неколку месеци се менува по трет пат, а Законот за средно образование пред нас е по четврти пат. Честите промени ја намалува довербата на граѓаните во системот и ги демотивира оние што треба да ги спроведуваат. Тие често немаат време ниту услови да се прилагодат на една промена, а веќе доаѓа нова. Честите промени можат да бидат јасен индикатор за несериозен пристап на Владата кон образованието. Кога една Влада постојано ги менува Законите, тоа покажува дека нема јасна визија и долгорочен план. Наместо стабилен систем кој постепено се унапредува, се добива впечаток дека се импровизира и се реагира набрзина, согласно партиските потреби. Силен, квалитетен образовен систем бара стабилност, визија и професионализам, а не експериментирање и политички маркетинг. Сведоци сме дека во овој период Владата ги користи измените на Законите од образованието токму во насока на нивно прилагодување на нејзината идеолошка определба. Најмалку што се води сметка е да се направат сериозни измени и реформи во образованието, кои измени ќе го направат образованието современо и во согласност со реалните потреби на младите.

Во изминатиот период, кога ДПМНЕ беше опозиција, бевме сведоци на блокирање на измените на Законите од образование, во Собранието. Сега сведочиме на брзи, необмислени промени кои се во интерес на политиките на ДПМНЕ, а не на образованието.

Нова: Како го оценувате начинот на кој се носат законските измени посебно во однос на транспарентноста, вклученоста на стручната јавност и јавната дебата?

Николова: Токму тука е најголемиот проблем. Потребен е стабилен и долгорочен пристап во креирањето на образовните политики, заснован на анализа, консултации со стручната јавност, засегнатите страни, а фокусот треба да биде овозможување на квалитетен образовен процес. Промените што немаат континуитет или се донесуваат без доволна анализа, вклученост на стручната фела, ја намалуваат довербата на јавноста во образовните политики и институциите кои треба да ги спроведат. Наместо да се работи на долгорочно подобрување, системот станува жртва на политички влијанија и краткорочни интереси. Кога реформите се спроведуваат без сериозни консултации со наставници и експерти од оваа област, тоа ја покажува површноста и несериозноста во носењето на одлуки.

Јавната дебата за важни образовни прашања не се практикува воопшто. Ја немаме ниту за измените на Законите од образование, ниту за  предложената нова Концепцијата за гимназиско образование. Наместо аргументирана дискусија меѓу сите засегнати страни – наставници, родители, ученици, експертите, одлуките се носат во партиските тела и министерскиот кабинет, зад затворени врати. Тоа не е демократско и инклузивно креирање на политиките. Затоа инсистираме на поинклузивен, консултативен и транспарентен процес во носењето на Законите од областа образование. И тоа не е само наше барање. Во овој период, токму во однос на отсуството на инклузивност и транспарентност, реагираа и граѓанските организации и високообразовните институции. Само со вклученост на сите релевантни фактори, со отвореност и транспарентност ќе имаме заедничка одговорност, а образованието нема да биде политичка алатка за прибирање на дневно политички поени.

Нова: Во вашата политичка активност на темата образование манифестирате загриженост за форсирање на одредени области како математиката, информатиката, природните науки, додека хуманистичките и уметничките дисциплини како да се маргинализираат. На кои и на какви последици мислите?

Николова: Во Предлог измените се предвидува финансиска поддршка за организирање на меѓународни натпревари. Тоа е добро. Но, таа поддршка е предвидена само за математика, информатика и природните науки. Да, ова се важни области, треба да се поддржат. Но, што е со наставниците и учениците кои постигнуваат извонредни резултати во хуманистичките и уметничките дисциплини? Не можам да најдам соодветен аргумент, зошто тие би биле оставени надвор од системот за стимулација и поддршка?

Хуманистичките и уметничките дисциплини играат клучна улога во развивањето на критичко размислување, етичка свест, културна писменост и емоционална интелигенција. Со нивното маргинализирање, полека се отвара можност младите да ја изгубат врска со сопствениот културен идентитет и вредности. Ова може да доведе до генерации со слабо развиена критичка мисла  и културна самосвест.

Исто така, на тој начин образованието станува исклучиво место за поддршка на “корисни” кадри, а не простор за личен раст, дијалог, слобода на мисла и културна размена. Така ученикот станува само “ресурс”, а не целовита личност.

Даниела Николова закон за основно образование закон за средно образование интервју образование СДСМ хуманистички науки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.