Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златни инвеститори, трагачи по гробови

0
By Marija Todorovska on May 19, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2025 13:30

Му благодариме на господинот Павловски за неговите идни инвестиции. Се надеваме дека ќе ги покани на трпезата на децата за кои пишува УНИЦЕФ, но и Хунзите, кои беа исто така неверојатна инвестиција, во времето на владеењето на Груевски и на Ѓорѓе Иванов.

Биљана Секуловска

Вчера прочитав дека премиерот Мицкоски изјавил дека “Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлацијата во март месец- 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април месец 2,6%, а на месечно ниво 0,6%.

Платите пак растат од 9 до 10% на годишно ниво. За економијата и БДП Светска банка ни предвидуваше 1,8%, а ние во 2024 година имавме 2,8%, поради силниот раст над 3% во третиот и четвртиот квартал во 2024 година. Во првиот квартал од 2025 очекувам до 4%, а може и над 4%. Тоа се бројки, а јас сум математичар и сакам да зборувам за бројки, а бројките се рефлектираат на пракса“.

Мал дел од граѓаните се математичари, веројатно не се ни економисти, затоа не верувам дека некој има нерви да ги чита сите овие силни и неразбирливи бројки, но сите знаат колку добро и квалитетно живеат. На трпезата го имаат гробот на Александар Македонски, би било срамно да се жалат дека им кркорат стомаците, после алармантните анализи на УНИЦЕФ, дека “секое трето дете во Македонија живее под националниот праг на сиромаштија”. Сакате повеќе бројки? “20.000 деца немаат ефективна здравствена заштита.

Дополнително, помалку од 37 отсто од децата на возраст меѓу 3 и 6 години имаат пристап до предучилишно образование, а половина од децата со попреченост не преминуваат во средно образование”.

Во меѓувреме, Македонците го имаат најбогатиот човек со македонско потекло, Крис Павловски, кој најави дека ќе финансира истражувања во археологијата со цел да се пронајде гробот на Александар Македонски. Еве што вели тој за неговите идни инвестиции: “Имам неколку пријатели со кои ќе вложиме ресурси за да го побараме… Јас сум голем обожавател на историјата. Ја сакам археологија, ја сакам античката македонска историја… Јас сум многу сериозен за финансирање на истражувања во однос на археологијата во Македонија. Многу сум сериозен и тоа многу сакам да го направам.

Мислам дека немало големи вложувања во македонската археологија. Тоа е нешто што недостасува. Јас знам многу Македонци и луѓе кои не се од Македонија кои сакаат да помогнат за тоа. Очекувам заедно да вложиме пари и да почнеме да копаме за да видиме што има овде под земјата. Мислам дека тоа е важно“.

Му благодариме на господинот Павловски за неговите идни инвестиции. Се надеваме дека ќе ги покани на трпезата на децата за кои пишува УНИЦЕФ, но и Хунзите, кои беа исто така неверојатна инвестиција, во времето на владеењето на Груевски и на Ѓорѓе Иванов.

Потемкиновото село во оваа земја само расте и се дуе како квасец, сѐ додека не ги преплави сите софри и трпези, затоа што луѓето тука обично не им веруваат на сопствените очи, туку на ушите кои сакаат да слушаат бајки на политичарите. И на инвеститорите како Крис Павловски, кои уживаат во комичните приказни на оваа смешна, кутра земја, која ништо повеќе не ја крепи, па ѝ останаа само гробовите на ненајдените јунаци.

Текстот е сопственост на 25минути

Александар Македонски Биљана Секуловска деца инвеститори крис павловски сиромаштија УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.