НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евалуација на повредените во Кочани, дојдоа првите тимови од Скопје

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот тим од лекари специјалисти од Скопје, како што претходно беше најавено од Министерството за здравство, денеска дојдоа на помош на своите колеги во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе ја спроведуваат евалуацијата на здравствената состојба на повредените од пожарот во клубот „Пулс“, за да се утврдат потребите за лекување и помагала. Претходно од Фондот за здравствено осигурување беше упатен повик до сите повредени, до крајот на оваа недела, да се јават во кочанската болница за да бидат вклучени во евалуацијата.

Од Општата болница информираа дека најголем проблем им е недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри, а постојниот е преоптоварен со интервенции по трагедијата од пред два месеца.

Голем број медицински сестри заминаа во пензија, а овие што ги имаме се овде, остануваат и по работното време во зависност од потребите на пациентите, но едноставно се преморени. Потребни се најмалку уште еден до два тима за медицинска рехабилитација. Реквизити за физикална терапија и друг третман добиваме, но нема кадар додека ќе трае рехабилитацијата, со оглед што таа нема да заврши за десетина дена. Морам да го споменам и психолошкиот момент, треба да се охрабрат пациентите да се јавуваат кај психијатар и психолог, затоа што таква помош им е потребна на сите, вклучувајќи ги и здравствените работници, но тоа сѐ уште е табу тема кај нас, истакна Кристина Серафимова, директорка на Општата болница – Кочани.

Во функција наскоро ќе се стави и хипербарната комора, за која се чека двајца здравствени работници да добијат соодветен сертификат за ракување.

Тие се на обука и очекуваме да се вратат, но за користење на хипербарната комора, односно кои пациенти ќе бидат подложени, одлука треба да донесат лекарите кои го вршат третманот, без разлика дали е хируршки или физикален. Притоа е вклучен и специјалист интернист за да се провери дали повредениот може да влезе во комората, додава Серафимова.

Во моментот 40 пациенти добиваат физикална терапија, а уште 70 повредени со изгореници секојдневно доаѓаат на преврски во болницата во Кочани.

болница Кочани повредени пожар пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.