Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

0
By Zoran Ivanov on May 21, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 21, 2025 11:46

Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм.

Истрагата во УФП почна по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РСМ доставена во Основното јавно обвинителство.

За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“.

Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до во Јавното обвинителството.

Изминатиов период, по реакциите на Агенцијата за филм каде што Манчевски требало да се оттчита за потрошените државни пари, да поднесе извештај како што тоа го налагаат Законот и актите на Агенцијата, повеќе медиумски трагаа по одговори и укажуваа на индикации за евентуалните финансиски злоупотреби на режисерот Милчо Манчевски и се обидоа да го расветлат случајот детално пренесувајќи аргументирани и документирани податоци кои упатуваа на финансиски злоупотреби во работата на „Банана филм“.

Некои укажувања се однесуваa на работата на неговите филмови „Врба“ и „Мајки“. Конкретно, за финансиското работење на „Банана филм“ за потрошени 950.000 евра за кои Манчевски и неговата фирма не доставиле извештај во Агенцијата за филм. Исто и за паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, САД, за што, и за овој случај, беа известени сите надлежни инстанци меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција.

Тогаш медиумите регистрираа и повеќе обиди за попречување на истрагата. Пренесуваа активности на режисерот Манчевски во насока на манипулирање на дел од државните институции како со Антикорупциската и со една од невладините организации чија тема на ангажирање е корупцијата.

Режисерот Милчо Манчевски е корисник на Национална пензија што државата ја доделува на заслужни уметници.

кривична Милчо Манчевски ОЈО Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.