Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / И Црвениот крст поцрвене – додека тој чека, не чекаат изгорениците на кочанските деца

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2025 ЗДРАВСТВО, ИЗБОР, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 22, 2025 00:00

Зоран Иванов

Црвениот крст вечерва соопшти дека граѓани и фирми донирале 800.000 евра за настраданите вo пожарот во кочанската импровизирана дискотека.

Мртов ладен го кажа тоа на ТВ главниот на Црвениот крст. Кажа дека таму кај нив уште дремат 800.000 евра.

800.000 евра суви пари што граѓани и компании ги донираа за лекување на повредените во кочанската трагедија.

Уште дремеле во Црвениот крст.

Чекале некаква бирократска владина здравствена комисија да кажела “кому по колку”.

Па, Црвен крст, каде тоа вие живеете и дејствувате? Во која тоа скандинавска држава сте или сте тука со нас и со кочанчани во оваа нашава балканска.

Затоа, најмалку што треба сега да знаете е да знаете дека додека вие чекате на владината здравствена комисија, не чекаат изгорениците на кочанските деца.

Оттаму, од Кочани, катадневно апелираат за помош. За пари за медицински средства, за услови болнички и за соодветни кадри.

А парите, еве и овие од донации, дремат.

Црвен крст, баталете бирократијата државна.

Гедајте бргу самите да најдете брз соодветен начин да им ги дадете наменски донираните хуманитарни пари на кочанските пациенти настрадани во тамошниот пожар.

Тоа се нивни пари. Пари наменски за нив, за нивното макотрпно лекување.

Не дозволувајте хуманитарните донации да ви ги држат заробени некои државни бирократи.

Не дозволувајте поради други да црвенее вашиот образ.

Најдете брз и соодветен начин кај настраданите да дојдат нивните пари.

Пуштете им ги веднаш зашто колку покасно ќе им стасаат толку побесполезни ќе им се.

Толку повеќе безвредни и толку повеќе неважни ќе им бидат доколку им стасаат предоцна.

Ако поради недостиг од пари, раните на децата почнат да ги напаѓаат разни инфекции кои, ова наше скудно локално здравство сега се мачи да ги зацели, тогаш џабе од, нели,  донациите наменски.

Ако таа трагичност почне да се случува, тогаш тие 800 илјади евра, ќе бидат нај утнатата македонска хуманитарна инвестиција.

Затоа, Црвен крст, баталете тоа владата и владината бирократија. На настрадасните пуштете им ги нивните пари веднаш. Веднаш.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.