Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од пријателство – Деновите на словенечката култура во Македонија

0
By Zoran Ivanov on May 23, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 23, 2025 17:28

Свеченото отворање на Деновите на словенечката култура во Скопје беше крунисано со концертот на словенечката етно рок група „Dupljak Village Orchestra“ од Радече под раководство на Алеш Брезникар, кој на македонската јазност е познат по организацијата на традиционалната туристичко-културна манифестација „Словенија на Охрид“.

    Свето Стаменов

Во рамките на шестото издание на Скопскиот градски фестивал на агенцијата Bagi Communications, од 13 до 17 овој месец во Скопје беа одржани Деновите на словенечката култура. Коорганизатори на манифестацијата, на чие свечено отворање поздравно обраќање имаше амбасадорот на Република Словенија во нашава земја Грегор Пескар, беа словенечката амбасада во Скопје и словенечкото културно друштво „Франце Прешерн“, со поддршка на град Скопје, Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и министерствата за надворешни и европски работи и за Словениците низ светот на Република Словенија, како и повеќе претпријатија.

Деновите на словенечката култура беа отворени на 13-ти овој месец во Музејот на град Скопје со промоцијата на македонското издание на стихозбирката „Се отвори небото: Поезија за Магда“ проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Македонија од 2016 до 2020 година, универзитетски професор, писател и поет, кој на македонски јазик досега има објавено десетина книжевни дела (романи и збирки поезија), како и на јазиците кои се запишани во македонскиот устав (албански, турски, српски, ромски, влашки и босански). Книгата ја претстави проф. д-р Лидија Аризановска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, која се осврна и на целокупното книжевно творештво на проф. д-р Милан Јазбец, кое веќе ја достигна бројката од 91 објавена книга. За амбасадорските години во Скопје и за публициската дејност на амбасадорот Милан Јазбец, пак, говореше Свето Стаменов, политиколог, новинар и истакнат македонски публицист, кој посебно се осврна на шесте публицистички дела на проф. д-р Јазбец објавени на македонски јазик во последните неколку години.

На промоцијата проф. д-р Јазбец ги најави своите наредни изданија, меѓу кои и македонските изданија – двотомната „Искра Чоловиќ во книжевната критика и во медиумите“ и „Македонски писанија“, кои треба да бидат објавени до крајот на годината.

По промоцијата на „Се отвори небото: Поезија за Магда“ следеше свеченото отворање на изложбата на слики „Хималаи и словенечките планини во слика и збор“ на познатата словенечка сликарка Магда Шаламон, членка на ликовната секција на Културно-уметничкото друштво од Жалец, која накусо го претстави својот сликарски опус, кој се темели на нејзините 16 планинарски искачувања на Хималаите, како и на многубројните искачувања на словенечките планини. Изложбата во Музејот на град Скопје беше отворена до 18 овој месец. Инаку, Магда Шаломом е сестрана словенечка уметничка, хуманистка и космополитка, која на ТВ Велење досега има реализирано 233 авторски емисии под наслов „Допирите на планините“.

Свеченото отворање на Деновите на словенечката култура во Скопје беше крунисано со концертот на словенечката етно рок група „Dupljak Village Orchestra“ од Радече под раководство на Алеш Брезникар, кој на македонската јазност е познат по организацијата на традиционалната туристичко-културна манифестација „Словенија на Охрид“.

Деновите на словенечката култура во Скопје беа окончани на 17 овој месец со концертот во Културно-информативниот центар на светски познататата словенечка виртуоска Тања Сонц, постојана членка на оркестарот на филхарномијата од Цирих, и на нејзиниот квартет.

 

денови култура Скопје Словенија стаменов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.