Џабир Дерала: Глобалното влијание на Кина често пригодно се означува како мека моќ – еуфемизам што упатува на дипломатија заснована на економски инвестиции, културна размена и инфраструктурни проекти. Но, во бруталниот контекст на целосната руска агресија врз Украина, оваа карактеризација не е само неточна – туку е крајно опасна и манипулативна. Кина донесе стратешка одлука: да учествува во хибридната војна – не отворено, со тенкови и ракети – туку преку дезинформации, економски спасувачки појаси и пресметан молк. Тоа е форма на не толку тивко, намерно соучесништво во војна против самите темели на глобалниот мир и безбедност.
Извор: ЦивилМедиа