Данела Арсовска: По заканите врз мене не постапуваат, дали по доказите ќе постапат? Не верувам. Зошто Мицкоски ги штити како што тој ги нарекува “господинот” Ганиу и “господинот” Меџити? Мицкоски вчера наместо да постапува по обелоденетите криминали на Висар Ганиу каде се вртат милиони, да побара итно надлежните институци да делуваат за нешто за што има информација дека се уништуваат докази, тој почна да тера политика и да ми се заканува со девалвации ставајќи се во одбрана на неодбранливото. Мицкоски јас и најлоша да сум, ти треба криминалциве да ги спречиш, не да ги браниш, па макар и браќа да ти се – а не ти се. Затоа од денес, јавно и со појаснување за сѐ, ќе ги објавувам документите кои се доставени доган институциите и обвинителството, а секој граѓанин ќе може да види што се правело, ќе мора да види и обвинителството, по што се надевам неодложно ќе мора да ги обезбеди во целост документите за предметите од Висар Ганиу и Ејуп Адеми пред да ги уништат! Со почит, Данела Арсовска, известувач и портпарол за етика и справување со корупција на Конгресот на Совет на Европа.
Извор: Фејсбук