НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вајц: Предложив одлагање на гласањето по извештајот за да можат колегите да ги ажурираат лоби регистрите

0
By Marija Todorovska on June 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

 Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, рече Вајц.

Тој нагласи дека целта на ова барање е да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите лоби регистри“.

Вајц му се обрати директно на бугарскиот европратеник Ивајло Валчев од партијата Има таков народ (ИТН), која е членка на ЕЦР, посочувајќи дека тој самиот најавил три лоби состаноци.

Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашата лоби регистри и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, додаде Вајц.

Шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор изјави дека неговата пратеничка група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) го поддржува предлогот само затоа што доаѓа тој од предлагачот на Извештајот, при тоа заблагодарувајќи им на сите кои биле вклучени во изработката на документот, за како што рече, постигнатиот одличен резултат.

Но, не можеме да ги прифатиме и ги отфрламе непријатните обвинувања и инсинуации што беа користени за да се оправда барањата за одлагање што доаѓаа од други групи. Нема потреба да обвинувате некого, за да побарате нормална работа, како што е одлагање. Длабоко жалиме за зборовите и обвинувањата што беа изнесени на сметка на Вајц и другите преговарачи, додаде Санчез Амор.

Тој повика да не се прават преседани со кои ќе се дозволи на надворешни актери да се мешаат и „да создаваат ситуации“ во Европскиот парламент. – Дајте да се заштитиме од такви мешања, потенцира шпанскиот европратеник.

Валчев и неговиот сонародник, европратеникот Станислав Стојанов за време на вчерашната дебата во АФЕТ за пристапниот процес со еврокомесарката за проширување Марта Кос најавија дека побарале од раководството на Парламентот да биде запрена постапката за усвојување на извештајот, обвинувајќи за „протекување на информации во реално време“ во текот на подготовката на документот.

Стојанов дури го обвини Вајц дека имал „ненајавени средби“ со македонските власти и ги нарушил правилата за транспарентност на Европскиот парламент, со што, според него, предложениот извештај е компромитиран и необјективен.

На денешната седница на АФЕТ, Валчев ја поздрави, како што рече, мудрата, навремена и одговорна одлука на Вајц за одлагање на гласањето, но ги отфрли неговите тврдења за „ажурирање на лоби регистрите“, тврдејќи дека тој не одржуваа состаноци со лобисти.

 Му благодарам уште еднаш за оваа, во овој момент, навистина мудра и одговорна одлука и се надевам дека во деновите и во неделите што ги имаме до следното разгледување, тој, исто така, ќе покаже мудрост и ќе свика барем уште еден состанок на известувачите во сенка за да ги разјасниме преостанатите чувствителни прашања, рече Валчев.

Стојанов, кој доаѓа од националистичката партија Преродба, членка на ЕСН, исто така го поздрави предлогот на Вајц, оценувајќи го како „манифестација на здрав разум“.

Тој додаде и дека очекува во наредните денови раководството на ЕП да ги разгледа сите информации за „утврдените неправилности“ поврзани со подготовката на Извештајот.

И на крај би сакал да му порачам на Вајц дека нашите (лоби) регистри се ажурирани, за разлика од неговите, додаде Стојанов.

Романскиот европратеник Ден Барна од редовите на групата на либералите, го поддржа предлогот на Вајц, но, исто така, и ја осуди кампањата покрената против него. – Ова е неприфатливо и не треба да се повторува, изјави кусо Барна.

Претседавачот на АФЕТ, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер, по ова, изјави дека согласно практиката нема потреба за гласање по предлогот, бидејќи тој доаѓа од предлагачот на Извештајот и само констатира дека изјаснувањето по документот е одложено за 24 јуни.

Претходно, со 56 гласа „за“, 13 „против“ и 5 „воздржани“ АФЕТ го усвои Предлог-извештајот за Босна и Херцеговина, а со 57 гласа „за“, 11 „против“ и 6 „воздржани“ и предложениот извештај за Албанија.

Европски парламент Извештај Томас Вајц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.