НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интеграцијата на земјата во ЕУ е примарен приоритет и на коалицијата ВЛЕН и на сегашната влада и парламентарното мнозинство.

Не е случајно што тоа е првата точка во владината програма. Сепак, сите сме свесни за сложеноста на прашањето за уставните измени.

Постојат заложби и консензус за нивно усвојување, но се обидуваме да најдеме рационален модел кој нема да го загрози целиот процес.

Знаете дека жртвата што ја направи нашата држава со промената на името резултираше со пад на интересот и довербата кај граѓаните  во европските интеграции. Доколку сега направиме нов компромис, а процесот повторно се услови со билатерални или идентитетски прашања, тоа целосно би го разурнало процесот и нашата стратешка цел.

Затоа, лесно е да се гласаат уставните измени, но мора да бидеме внимателни и претпазливи за последиците што тие би можеле да ги донесат. Поради тоа, се стремиме да обезбедиме предвидливост во целиот процес, вели Претседателот на Собранието на РСМ Африм Гаши.

Во оваа заложба сме обединети сите, вклучувајќи ја Владата, Собранието и јас како претседател. Како што знаете, владата го именуваше министерот Орхан Муртезани за главен преговарач со ЕУ, и тој игра активна улога во обезбедувањето политичка поддршка и во гарантирањето на реализацијата на реформската агенда, која претставува клучен елемент на интеграцијата – покрај решавањето на контекстот со Бугарија. Исто така, и јас како претседател на Собранието, преку парламентарната дипломатија, реализирав бројни посети во европските престолнини, каде што ја нагласив чувствителноста на ситуацијата и наидов на искрено разбирање и поддршка од нашите европски сојузници и пријатели.

Интервјуто со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, НОВА ќе го објави во своето утрешно издание.

Африм Гаши ЕУ не откажале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.