Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во објава на X посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна. Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени. Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот.
Извор: ЦивилМедиа