НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софија: Еврото ги степа бугарските пратеници

0
By Zoran Ivanov on June 4, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание.

За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа.

Денеска е црн ден за Бугарија, јаничарите ја закопуваат нашата земја, рече Костадинов.

Фотографиите објавени од бугарски медиуми покажуваат дека имало физичка пресметка мешѓу двајца пратеници.
Парламентарната група на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ поднесе предлог за отстранување на Цончо Ганев од партијата Обнова од функцијата заменик-претседател на Народното собрание.

Ова го објави пратеникот на коалицијата Даниел Лорер на социјалните мрежи.
Причината е откако денеска тензијата ескалираше во пленарната сала кога Ганев го удри пратеникот Јавор Божанков од „Продолжуваме со промената  – Демократска Бугарија“.

Поддржувачите на бугарската национална валута од изутрината повторно протестираа пред Народното собрание, а Костадинов ги повика демонстрантите да го блокираат парламентот.
Европската комисија вчера даде зелено светло на Софија да премине на еврото од почетокот на 2026 година, со што Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на зоната на единствена валута.

 

Бугарија евро парламент тепачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.