Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, доделија национални признанија за врвни достигнувања во спортот.
Меѓу одликуваните се поранешните фудбалери Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, кошаркарите Петар Наумоски и Перо Антиќ, „златните“ од Келн кои со Вардар ја освоија машката Лига на шампиони – Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Владо Недановски и Мартин Поповски како и Елена Ѓоргиевска, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева кои со ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров пред 23 години ја освои женската Лига на шампиони.
На церемонијата, Горан Пандев, Петар Наумоски и Гордана Нацева во име на сите наградени и одликувани им се заблагодарија на министерот за спорт и Владата предводена од Христијан Мицкоски за доделените признанија.