Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израел тврди дека ја погодил главната иранска инсталација за збогатување ураниум

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 13, 2025 10:31

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во денешниот израелски напад била погодена главната иранска постројка за збогатување ураниум во Натанз во централниот дел на земјата.

Будно ја следиме длабоко загрижувачката ситуација во Иран, соопшти ИАЕА.

Оттаму додаваат дека иранските власти ги известиле оти не е забележано покачувањето на нивото на радијација во Натанз. Овој комплекс е сместен 225 километри од Техеран и се состои од две постројки, од кои една се наоѓа под земја.

ИАЕА кажа дека нуклеарните постројки во Исфахан и Бушехр не биле нападнати ноќеска.

 

Израел објави дека денешниот напад е само почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје.

Се наоѓаме во решавачки момент во историјата на Израел. Ја лансиравме операцијата ‘Исправен лав‘, насочена воена акција за спречување на иранската закана по опстанокот на Израел. Операцијата ќе трае колку што биде потребно за да се отстрани таа закана, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нападот уследи само ден откако ИАЕА првпат по 20 години го обвини Иран дека ги прекршува своите обврски за неширење на оружјето. Агенцијата притоа изрази загриженост за залихите на збогатен ураниум во Иран, кој може да се користи за производство на гориво за реактори, но и за нуклеарно оружје.

 

Израел Иран погодена постројка ураниум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.