НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнис заедницата: Рано е да се каже дали конфликтот Иран–Израел ќе предизвика ценовен шок

0
By Marija Todorovska on June 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се уште не може да се каже конкретно дали воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок, рече денеска претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Комората Габриела Кулебанова.

Во однос на новите мерки што ги најави премиерот, Кулебанова го повтори ставот на бизнисот, дека треба да се почитуваат пазарните услови на работење.

Имаме последователни кризи. Војните траат, но во моментов за ценовен шок не можеме конкретно да кажеме, ќе почекаме зашто ова е на почеток. Ние сме мала економија, сите глобални, светски потреси и случувања се рефлектираат кај нас. Во однос на мерките што ги најави премиерот, немаме ништо конкретно. Ние секогаш како бизнис сектор се стремиме да имаме помалку влијание и ингеренции на државните интитуции, истакна Кулебанова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на дигиталната платформа за ММСП, „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија.

Во врска со алатката, Кулебанова објасни дека се работи за платформа која ќе биде пренесена како апликација на мобилните уртеди и преку неа компаниите за кои е наменета ќе може да ги добиваат сите информации што им се потребни, но воедно и да даваат предлози, сугестии и да поставуваат прашања.

Ова е многу значајна алатка за овој тип компании. Преку неа ќе комуницираме и ќе ги информираме нашите членки на брз, едноставен и лесен начин за законските измени, на пример, и за се останато што е од нивен интерес. Исто така, со оглед дека комуникацијата ќе биде двострана, тие ќе имаат можност да ги предочат нивните секојдневни потреби и предизвици со кои се соочуваат. Микро, малите и средни претпријатија се клучни за брзиот раст и развој на економијата, тие ги даваат идеите за иновативни решенија и нивната поддршка е многу битна, рече претседателката на Центарот.

Дигиталната платформа со мобилна апликација е изработена со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во насока продолжување на економската транзиција на одржливи мали и средни претпријатија и развивање одржлива инфраструктура на деловни советодавни услуги

Бизниси Габриела Кулебанова Израел Иран цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.