Фатмир Битиќи: Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи. Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите. Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството да биде три пати пониска од кај нас. Увозната и малопродажната цена кај нас се со огромна маржа. Тука е Владата да интервенира преку Државниот пазарен инспекторат и преку мерки кои можеби не се идеални според логиката на пазарната економија, но во одредени ситуации се нужни.
Извор: 360 степени