Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во денешниот израелски напад врз Хан Јунис, Појасот Газа загинаа 45 луѓе.
Израелската армија отворила оган додека луѓето чекале камиони со хуманитарна помош од Обединети Нации. Во нападот повредени се десетици лица.
Палестинците тврдат дека израелските сили постојано отвораат оган врз луѓето кои се обидуваат да обезбедат храна од дистрибутивните центри управувани од Хуманитарната фондација Газа, организација поддржана од САД и Израел.
Израелската армија во некои случаи призна дека испукала „предупредувачки“ истрели кон луѓе, за кои верувале дека се приближиле сомнително блиску до нивните сили.