Пораки со заканувачка содржина добивале дел од родителите на починатите во трагедијата во Кочани а дел од тие пораки и јавно ги објавуваат.
Со случајот се запознаени и МВР од каде што информираат дека секторот за компјутерски криминал во МВР сеуште нема добиено пријава, а по допрен глас од добиени информации од јавноста, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа пораки со закани и недолични содржини и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото.
Оттаму исто така ги замолуваат лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата.